163
21 shares, 163 points

Toyota Corolla постигна одлична продажба на европскиот пазар во актуелната генерација што доживеа премиера лани. Компактот на моменти беше трет најпродаван модел во класата на Golf, што не се случило долго време. Дел од заслугата секако припаѓа на дизајнот, заедно со солидната понуда од напредни системи за асистенција, што Јапонците ги вградуваат како стандард. На тоа се надоврзуваат и вообичаените доблести на Toyota – квалитетна изработка, издржлива механика, висока практичност.

Најлутата моделска изведба на Corolla моментно вози со дволитарски мотор и располага со 180 КС. Нормално за марката, станува збор за хибриден погон. Toyota првпат понуди две варијанти на хибриден погон кај еден модел. Целата погонска спрега на Corolla 2.0 Hybrid е изведена со цел да се постигне поспортско чувство во возењето, вклучувајќи и соодветна поддршка од електромоторот, кој исто така располага со повисока моќност, отколку во стандардната хибридна верзија 1.8 Hybrid со 122 КС.

Моделот го имавме на тест во редакцијата во минатото лето, во комби-варијантата Touring Sports и со врвното ниво на опрема. Впечатокот во возење не отстапува од тоа што го ветуваат инженерите на јапонската марка. Погонот остава впечаток како да станува збор за посилен и поголем мотор, првенствено поради екстра њутнметрите што се сервираат уште при ниски вртежи. Ние немавме забелешки за моќноста. Но…

Toyota повторно е активна во светското рели и болидите оттаму најмногу се поистоветуваат со сериската понуда, затоа е сосем извесно дека по GR Yaris и GR Cupra ќе следи и Corolla во верзија на Gazoo Racing

Апетитите на Toyota за брзините и за динамичкото возење се будат повторно, откако марката по долга пауза вози во светското рели, и тоа мошне успешно. Како резултат од тоа следење и враќањето на GR Supra, за годинава да следи и вториот GR-модел во форма на Yaris. Станува збор за модел што ќе служи како хомологациска основа и нема многу заедничко со стандардниот Yaris, когошто го очекуваме да пристигне на пазарот некаде кон крајот на летото.

>> Повеќе за Toyota GR Yaris

Toyota Yaris GR
Toyota Yaris GR

Очигледно е дека и 180-те КС на хибридната Corolla 2.0 повеќе не им се доволни во марката – сцената нема заборавено дека Toyota своевремено имаше едно од најуспешните присуства во мотоспортот. Според објавите на јапонските медиуми, Toyota веќе го има заштитено името GR Corolla.

Засега отсуствуваат какви било информации околу лутата Corolla. Може само да се претпостави дека во неа ќе работи новиот 1,5-литарски мотор со три цилиндри од GR Yaris, со неговите 261 КС и 360 њутнметри. Добро ќе дојде и шансата да се искористи погонот на сите тркала од „малото луто“. Задната оска, впрочем, претставува модифицирана варијанта од онаа во стандарната Corolla.

До пристигањето на GR Corolla сепак ќе мине уште извесно време, се спомнува дури и 2022 година. Причината зошто производителите ги претставуваат екстремните спортски изведби со „доцнење“ е од финансиска природа. Кога одреден модел ќе навлезе во втората половина од животниот век, развојните трошоци за моделот обично се веќе исплатени и дури тогаш може да се прави калкулација околу изведувањето на модели што комплетно ја будат сцената. Другата причина е давање нов поттик за продажбата на моделот.

Toyota Corolla 1.8 TS Compressor со 225 КС и 6,9 секунди до сто

Toyota отсекогаш имаше засебни спортски модели и изведувањето екстремни верзии од Corolla досега се случуваше мошне ретко. Таков исклучок беше Corolla 1.8 TS Compressor од 2005 година, со мотор од Celica со 225 КС при 8.000 вртежи и 230 њутнметри. Со 1.325 килограми, „компресорската“ Corolla спринтуваше до сто за 6,9 секунди и постигнуваше крајни 235 km/h. Моделот беше изработен во ограничена серија и на сцената е познат како TTE Compressor.

View this post on Instagram

#カロスポ 専用設計! #剛性 をアップさせるボディー強化ブレースシリーズ ○アッパーパフォーマンスロッド・フロント ○ロアボディ強化ブレース フロント ○ロアボディ強化ブレース リヤ 上記3アイテム大好評発売中! https://www.tomsracing.co.jp/company/news/4297/ #toms #tomsracing #toyota #jdm #instajdm #jdmsociety #jdmlife #corolla #auris #corollasport #corollahatchback #toyotacorolla #toyotacorollahatchback #corollahb #toyotausa #corollaxse #hatchback #zwe211h #カローラスポーツ #カローラスポーツいいぞ #カロスポ #カロスポ女子 #トヨタグラム #ストラットタワーバー #ボディ剛性 #tomsinside

A post shared by TOM'S Racing (@tomsracing.co.jp) on


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *