159
21 shares, 159 points

Трета година во низа расте бизнисот со таканаречени флотни продажби на Toyota на најголемиот пазар во Европа, на германскиот пазар. Позитивниот тренд доведе и до нов рекорд.

Продажбата на службени автомобили на компаниите со големи возни паркови во Германија имаше рекорд лани. Со вкупно 25.108 регистрации на име на компанија, вклучувајќи и доставни возила, бизнисот со таканаречената флотна продажба досега не врвел подобро на најголемиот пазар за автомобили во Европа.

Напредокот во споредба со преклани е за 21% повеќе продадени возила, во време кога целиот пазар на службени возила во земјата пораснал за 13 проценти. Toyota трета година во низа ја надминува продажбата од претходната година во овој пазарен сегмент. Добрата продажба ѝ донесе на Toyota и титула на најуспешен азиски увозник на автомобили и лесни товарни возила.

Toyota го постигнала најголемиот раст лани кај малите и средните возни паркови, како и кај компаниите што располагаат со јавни возни паркови. Тоа што најмногу ги привлекува компаниите да изберат возило од Toyota се првенствено хибридните модели, како Toyota Corolla Hybrid, но се цени и приспособливоста кај товарните возила, како што е случај кај Toyota Proace. Голем успех е постигнат со воведувањето на стратегијат, на деловните клиенти со комплетен лизинг и сервисирање да им се понуди конкретно скроен сервисен пакет, со целосен увид во трошоците и предвидливост за планирање.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
21 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *