170
22 shares, 170 points

Toyota e-Palette ќе ги превезува спортистите и организаторите за време на Олимпијадата во Токио в година. Дваесетина роботски минибуси со посебна конструкција ќе сообраќаат редовно во Олимпиското Село.

Како што можеше да се претпостави, кога Toyota ја доби честа да го организира службениот превоз за време на Олимпијадата Токио 2020, роботски минибуси ќе бидат дел од најзначајната спортска манифестација и веројатно честа глетка во тв-преносите и репортажите. Toyota e-Palette развиена е во консултација со спортистите, според нивните барања и потреби, вклучувајќи ги и параолимпијците. Во тоа повеќе нема неизвесност, погонот е на струја.

Претставен првпат во 2018 година, e-Palette е првото возило на Toyota коешто е развиено посебно за услугата на автономно возење, таканаречена Autono-MaaS. Јапонскиот веќе подолго време работи на преоѓање во компанија којашто нема да биде само производител на автомобили, туку ќе нуди и услуги, вклучувајќи разни видови на мобилност.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Приспособен за Токио 2020, овој посебен минибус се одликува со големи врати и електрични рампи, кои им олеснуваат на параолимпијците да пристапат во возилото. Целото возење е автоматизирано на 4-то ниво во класификацијата според SAE и се одвива со максимално 20 километри на час. Во возилото се наоѓа службено лице, кое што ќе ја презеде контролата над возилото во случај на потреба.

Остануваат уште многу изненадувања од Toyota кои ќе се случат за време на Олимпијадата. Сосем е извесно дека во времето на спортската манифестација ќе се одржи и премиерата на втората генерација на Toyota Mirai, лимузината со погон на водород. Искуствата стекнати со e-Palette и останатите возила за време на Олимпијадата ќе се користат за натамошно усовршување на возилата и на технологијата. Автономниот и електричен минибус ќе биде прикажан на салонот во Токио, од 23-ти октомври до 4-ти ноември.

Неколку факти за Toyota e-Palette „Tokio 2020 Version“

New photo by Automedia MK / Google Photos
  • Симетрична каросерија, со коцкеста форма што дозволува максимално искористување на просторот, вклучувајќи тркала сместени во самите краеви на каросеријата
  • Контрасти на подот, на седиштата и другите компоненти им помагаат на лицата со слепило за бои
  • Местата на кои запира минибусот се прецизно одредени, за патниците во количка да можат лесно и брзо да пристапат во возилото, преку рампа со електричен погон
  • Камери, ласерски радари, тридимензионални карти овозможуваат самостојно возење на нивото 4 според SAE.
  • Предните и задните светла имитираат „намигнување“, за пешаците и другите учесници во сообраќајот да знаат дека возилото ги забележило

Технички податоци

New photo by Automedia MK / Google Photos

Должина / Ширина / Висина (mm) 5.255/2.065/2.670

Патници: До 20, односно до 4 патници во количка и седум места за стоење

Досег: До 150 km

Брзина: 19 km/h

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

170
22 shares, 170 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *