153
20 shares, 153 points

Toyota има разработено детална стратегија до 2050 година, кога Јапонците очекуваат емисијата на СО2 од сите свои возила да биде сведена на само една десетина од вредноста во 2010 година. Од тоа што доспева во јавноста од овие планови, во сите моделски серии до 2025 година ќе постојат електрифицирани изведби. До крајот на следната деценија, во понудата на Toyota ќе има најмалку десет модели со погон само на батерија.

Во рамките на програмата „Milestone 2030“, Toyota планира до завршетокот на следната деценија да надмине продажба од 5,5 милиони возила со електрифицирана погонска спрега (хибриди, плагин-хибриди, благи хибриди, батериски и водородни електрични автомобили) – на годишно ниво. Во таа бројка ќе учествуваат повеќе од еден милион возила кои нема да испуштаат ниту грам штетни материи, односно „батериски“ или водородни автомобили. Глобалната емисија на СО2 на сите продадени возила на Toyota до 2030 година, треба да се смали за најмалку 35 проценти во споредба со 2010 година.

toyota fine comfort ride

Плановите за смалување на емисијата на СО2 не се однесуваат само на работата на возилата, туку и на работата во фабриките. До 2050 година, целиот производствен синџир на Toyota ширум светот ќе биде комплетно неутрален во однос на емисијата на СО2. Во суперфабриката во Мотомачи веќе се произведува водород со сончева енергија, кој понатаму се користи за погон на вилушкарите во фабриката. Заштитата на водните ресурси исто така ќе се реализира во голем обем во фабриките на Toyota во Јапонија, Европа и САД.

Искористените батерии од возилата ќе се пренаменуваат во стационарни акумулатори за струја, кои ќе се користат во салоните на Toyota, а веројатно ќе се нудат и како производи за домот или канцеларијата

Со напредокот на електричниот погон соодветно се зголемува и бројот на батерии што мораат да се рециклираат по завршетокот на нивниот работен век. За таа цел, Toyota во следните години ќе изгради мрежа за собирање на батерии од електрични и хибридни возила. Во станиците во оваа мрежа ќе се врши и соодветна пренамена на батериите, на пример во стационарни акумулатори што ќе се користат во салоните на Toyota, или за домовите и комерцијалните објекти.

Тест: Toyota Corolla 1.8 Hybrid Executive Plus

Водородни автомобили Toyota Mirai за Светскиот Олимписки Комитет

Топ 25 модели во април: Toyota Corolla со +25% во продажбата

Тест: Lexus ES 300h Luxury

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *