за

Toyota ја заврши деловната година со +10,2% заработка

Toyota ја заврши деловната година со +10,2% заработка
Toyota ја заврши деловната година со +10,2% заработка

Корпорацијата Toyota ги објави финансиските резултати од претходната деловна година (од 1-ви април 2019 до 31-ви март 2020). Јапонскиот автомобилски концерн, и покрај ослабнатиот пазар поради корона во последнот квартал, ја задржа продажбата на автомобили на ланското ниво. Toyota продаде вкупно 8,96 милиони возила (-0,2 проценти).

Вкупниот промет на концернот во минатите 12 месеци се намалил за 1,0 процент, на 247,36 милијарди евра, а за толкав процент се намалила и оперативната добивка, со 20,19 милијарди евра. Наспроти тоа, добивката пред даночење во истиот период се зголемила за 11,8 проценти (21,11 милијарди евра), а нето заработката за 10,3 проценти (17,16 милијарди евра).

Во Европа, корпорацијата повторно забележа раст. Продажбата на автомобили се зголемила за 3,5 проценти, со вкупно 1,03 милион возила. Оперативната добивка од европскиот бизнис пораснала за 161,98 милиони евра, на вкупно 1,16 милијарда евра.

На домашниот пазар, исто така има раст од 0,6 проценти, со вкупно 2,24 милиони продадени возила. Во останатиот дел од Азија, продажбата се намалила за 4,7 проценти и достигнала 1,6 милион возила. Во Северна Америка, концернот продал 2,71 милион возила (-1,2%). Во останатите продажни региони, односно во Латинска и Јужна Америка, Африка и на Блискиот Исток, продажбата од 1,37 милион возила значи раст од 3,4 проценти.

Сервисите на Toyota победија на тестовите на германскиот Ауто Билд

Сервисите на Toyota победија на тестовите на германскиот Ауто Билд

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chevrolet и Cadillac се „главни“ во овие филмови

Chevrolet и Cadillac се „главни“ во овие филмови

Mercedes E-Class со две врати: Историјата на купеата и кабриолетите

Mercedes E-Class со две врати: Историјата на купеата и кабриолетите