155
20 shares, 155 points

Кошаркар-роботот со висока интелигенција постигнува попрецизен шут од повеќето аматери и развиен е од волонтери од Toyota во нивното слободно време. Кју во меѓувреме е во четвртата генерација и зад себе има впечатлива спортска кариера.

Toyota меѓу другото е прочуена и по најразновидните начини за поттикнување на креативноста на своите вработени. На полувремето на домашниот меч на Алварк Токио на 16-ти ноември лани, светот дозна и за кошаркарските потенцијали на Toyota. Кошаркар-робот постигна шут од средишната линија. „Кју“ (Cue) тогаш беше едно еволутивно скалило под сегашниот Кју4.

Следниот предизвик за роботот развиен од вработени во Toyota, во нивното слободно време, беше учество на натпреварот во постигнување тројки. Кју требаше да шутира петпати од пет различни позиции за време од една минута.

Кју 3 шутира за тројка, следниот предизвик ќе биде многу потежок

 

Тоа беше огромен предизвик за усовршување на „кошаркарот“ на Toyota, на кого дотогаш му беа потребни по 15 секунди, да го пресмета растојанието и аголот, пред да шутира. Немаше потреба од сомневање дека „тренерите“ ќе успејат и во овој предизвик. Развојот почна во мај 2018 година, со првата генерација на Кју. Оттогаш, роботот постигна впечатлив напредок.

Следеше трансфер во тимот на Леванга Хокаидо, професионален тим од Сапоро. За да го подготват Кју за натпреварот во тројки, инженерите на Toyota ги отстранија каблите за напојување и комуникација, затоа што роботот требаше да се преместува од една до друга позиција. За истата цел беше вграден и моќен електромотор, за Кју брзо да се движи по теренот.

Проблем претставуваше и клатењето на роботот по шутот, коешто го оневозможуваше изведувањето серија прецизни шутеви кон кошот. За и тоа да се надмине, техничарите преправија речиси сé, од други сензори и зафати во носечката структура, до промени во алгоритмите на вештачката интелигенција.

Кју 4 на Ол-стар натпреварот во постигнување тројки

По еуфоричната реакција од публиката во преполната арена, трансферот на Кју во Хокаидо заврши и тој повторно е во стариот тим, во Алварк. Останува уште цела година работа во натамошно усовршување на кошаркар-роботот на Toyota. Светот со нетрпение го очекува следното појавување на овој исклучителен спортист.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
20 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *