136
18 shares, 136 points

Моделот што остави највпечатливо присуство во нашите содржини лани, повторно се јавува. Toyota Corolla задржува најмногу од вредноста по четири години. Така оценува ценетиот Шваке.

Toyota Corolla се вбројува меѓу моделите што задржуваат најмногу од вредноста и прогласена е за шампион во оваа дисциплина за 2020 година. По четири години од купувањето, хибридниот модел на јапонскиот производител задржува 59,8 проценти од вредноста на ново. Toyota Corolla со тоа се најде на првото место во важната компакт класа. Првпат модел со хибриден погон избива во водство во компакт класата .

Пазарните експерти од Шваке, годинава по 17-ти пат ја одредуваа вредноста на различни модели на автомобили, односно проценуваа кои модели ќе задржат најмногу од вредноста по одреден број години. За тоа да се одреди, се оценува според стотици параметри. Посебно се земаат предвид различните нивоа на опрема за моделот, како и моторите што стојат на располагање. Како резултат од тоа се добива таканаречена преостаната вредност на одредено возило во проценти, по четири години и по годишна километража што е вообичаена за одредена класа на автомобил.

Годинава во 13 категории се бараа автомобилите со најстабилна вредност. Во четири од овие категории победија модели на Toyota:
  • Со преостаната вредност од 56,0% по четири години, Aygo е на второто место во класата на малечките автомобили
  • Yaris Hybrid задржува 59,0% од вредноста на ново и со тоа се пласираше на третото место во класата на градските автомобили.
  • Трето место освои и RAV4 2.5 Hybrid, во класата на СУВ-модели од компакт класата. По четири години, тој уште вреди 59,4 проценти од цената на ново.
  • Toyota Corolla, како шампион во компакт класата, со 59,8 проценти од вредноста на ново.

На возачките и возачите на Toyota добро им се познати причините, зошто нивните автомобили вредат повеќе од некои други, во моментот кога ќе се решат за замена и само задоволно ќе рашират насмевка од овие резултати. Неколку од тие причини се издржливоста на техниката, штедливоста, едноставното и евтино сервисирање, практичноста, името секако.

Тест: Toyota Corolla Touring Sports 2.0 Hybrid Luxury


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

136
18 shares, 136 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *