за

Toyota C-HR е најпродаван хибрид во Германија

toyota c-hr germanija
toyota c-hr germanija

Голема вест за Toyota од најголемиот автомобилски пазар во Европа. Toyota C-HR е најпродаван автомобил со хибриден погон во земјата и воедно најпродаван модел со електрифицирана погонска спрега. Уште два модела на Јапонците следат меѓу првите пет.

Toyota C-HR Hybrid е најпродаван хибриден авотмобил во Германија. Со 4.686 нови регистрации во првите четири месеци од годината, кросоверот се најде на првото место на возила со електрифицирана погонска спрега.

Конкурентските модели со плагин-хибриден или хибриден погон, исто како и сите автомобили со погон само на струја, заостануваат зад C-HR. Четвртото и петтото место на најпродавани модели со електрифицирана погонска спрега им припаѓа на Yaris Hybrid и RAV4 Hybrid, соодветно со 3.533 и 3.503 возила продадени до април.

Toyota моментно го нуди хибридниот погон во дури осум моделски серии; Повеќе од половината од продажбата во Германија отпаѓа на модели со две срца

Половина од продажбата на Toyota во Германија отпаѓа на хибридни изведби. Штедливиот и чист погон во меѓувреме се нуди во дури 8 моделски серии на јапонската марка, од Yaris, преку новите Corolla и Camry, до RAV4. Благодарение на тоа, возниот парк на Toyota во Германија моментно испушта во просек 91,1 грами СО2 на километар, што е под лимитот на ЕУ од 95 g/km, кој ќе важи дури по 2021 година. Досега компанијата има продадено повеќе од 13 милиони хибридни возила.

Кросоверот од новата генерација модели што се базира врз платформата TNGA е честа појава и по нашите улици. Понудата за македонскиот пазар се состои само од хибридниот модел со редовна цена од 24.890 евра, на којашто следува попуст од 1.500 евра. Моделот со турбо бензинец со 116 КС не се нуди на нашиот пазар. Причината за тоа е мошне видлива на германскиот пазар. Од вкупно 5.817 продадени примероци од C-HR до април, помалку од 20% возат само со бензински мотор.

Топ 25 модели во април: Toyota Corolla со +25% во продажбата

Тест: Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive

Toyota Hilux од готови модули за пазарот во поранешна Бурма

Тест: Lexus ES 300h Luxury

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Издавање паркинг Англија

Лондонци со ќар над 2.000 фунти годишно од изнајмување паркинг

Prodazba na Fiat Chrysler vo SAD

Колку продава Fiat Chrysler во Америка?