за

Милион примероци од Toyota C-HR и Prius во сервис поради опасност од пожар

Toyota C-HR
Toyota C-HR

Поради можноста за оштетување на кабел и создавање краток спој, Toyota повикува еден милион автомобили со хибриден погон. Станува збор за Toyota C-HR и Toyota Prius, модели што се продаваат и на македонскиот пазар

Милионскиот сервисен повик се однесува на возилата што се продадени на пазарите во Европа, Јапонија и Северна Америка. Најголемиот дел од возилата се на јапонскиот пазар, кадешто повеќе од половина милион сопственици на хибридните модели на Toyota мораат итно да ги посетат сервисните работилници на марката.

toyota-c-hr-turcija
Toyota C-HR на производствената лента во фабриката во Турција

Утврдена е опасност од оштетување на кабел во хибридниот систем, под дејство на триење, поради што може да се создаде краток спој, а со тоа и пожар на целото возило. Засега не се наведуваат случаи во коишто возила биле опожарени поради овој проблем

Сервисниот повик се однесува на Toyota Prius и Toyota C-HR произведени меѓу 2015 до 2018 година

Познати светски медиуми во меѓувреме објавуваат за случајот во Јапонија, во когошто навистина се случил пожар на хибриден автомобил на Toyota. При посетата на сервисната работилница ќе се проверува дали е оштетен кабелот, односно ќе се утврди дали истиот треба да се замени. Во некои случаи ќе се постави дополнителна изолација на кабелот.

Без врева, а ги има 15 на број: Овие Мерцедеси возат со две срца

Луксуз е да возиш хибриден BMW што заштедува 1000 евра годишно

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes Actros

Mercedes Actros: Камери место ретровизори, дигитални инструменти, вози сам

Rolls-Royce goodwood revival 20 godini

Rolls-Royce пристига на јубилејот на Гудвуд со Silver Cloud од 1966 година