за

Toyota C-HR отсега ќе штеди и со 184 КС

Toyota C-HR 20 Hybrid
Toyota C-HR 20 Hybrid

Кај пионерот на погонот со две срца нема двоумење. Од еден хибриден погон, подобри може да бидат само два хибридни погони во понудата. Кросоверот Toyota C-HR отсега ќе ја движи својата препознатлива силуета уште подинамично.

Кросоверот C-HR е втор модел на Toyota што преоѓа на следното ниво на хибридниот погон. По Corolla, варијантата со дволитарски мотор и системски 184 КС e достапна и за моделот, на когошто само еден „конкурент“ му пречи да го презеде водството во продажбата на СУВ и кросовери со електрифицирана погонска спрега на европскиот пазар: Со 7.235 продадени примероци во август, единствено Toyota RAV4 се продава повеќе во овој сегмент од C-HR, со неговите 6.451 примероци – во двата случаи со хибриден погон.

Разликата меѓу „дволитарскиот хибрид“ и изведбата со 1,8-литарец и системски 122 КС не се сведува само на моторот, туку станува збор за сосем различна погонска спрега. Во 2.0 Hybrid работи нов дволитарец, исто така според штедливиот еткинсонов принцип, со релативно висока компресија 14,0:1, но и со технологија VVT-iE за брегастото вратило во вшмукувачкиот тракт. Последново значи дека фазата на вратилото не се менува под дејство на масло под притисок, туку преку електромотор.

Со посилниот дволитарски мотор следи и посилен електромотор, со 109 КС и 202 њутнметри

Во „електричниот дел“ разликата е во тоа што електромоторот тука испорачува 80 kW/109 КС и 202 Nm, наспроти 53 kW и 163 Nm, кај изведбата со 1,8-литарскиот бензинец. Напонот исто така е повисок (650 наспроти 600 волти), а секако дека и 202-та њутнметри што доаѓаат само од електромоторот менуваат многу во поглед на динамиката на возење. За тоа како функционира оваа варијанта на хибридниот погон, може да се прочита повеќе во нашиот тест на Corolla Touring Sports.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од Toyota уиште ги немаме добиено вредностите за перформансите на C-HR 2.0, меѓутоа судејќи по Corolla, за забрзувањето до темпо сто може да се очекуваат околу осум секунди, додека крајната брзина традиционално за хибридите на јапонската марка е ограничена на 180 km/h. Потрошувачката е минимално повисока во споредба со 1.8 Hybrid, според фабрика станува збор за два децилитри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Неколку фини дотерувања се извршени во водењето на тркалата, во насока на подобрување на возниот комфор, без притоа да се жртвуваат управливоста и динамичните возни својства со коишто се одликува C-HR. Тој беше еден од првите модели што го прикажа новото возачко ужиавaње во Toyota, по воведувањето на TNGA-платформата. Намалено е и нивото на бучава и на вибрации.

Заедно со воведувањето на новата хибридна варијанта, Toyota C-HR доби и нов мултимедиски систем, плус неколку дотерувања во изгледот на предниот и задниот дел

Новиот мултимедиски систем овозможува уште полесно поврзување со паметен телефон преку Apple CarPlay или Android Auto, како и безжично обновување на картите за навигацијата „Over the Air“

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кросоверот што е препознатлив по купе-силуетата доби долен завршеток на спојлерот што внесува ширина и динамика во појавата. Предните светла и задните светла добија ЛЕД-техника, со тоа што дневните светла и трепкачите се посставени во заедничка светлосна целина под главните светла. Меѓу задните светла со нова графика се наоѓа спојлер лакиран во црна сјајна боја.

Изведбата со 1,8-литарски хибрид останува во понуда, со цена од 24.890 евра во актуелниот ценовник на Тојота Авто Центар. Купе-кросоверот настапува со висока спецификација и соодветно престижни ниво на опрема.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Mi-Tech

Mitsubishi го дооткрива новитетот за Токио: Нема покрив

„Корветата“ на Сер Клиф Ричард и „мерцедесот“ на Лулу бараат нови сопственици

„Корветата“ на Сер Клиф Ричард и „мерцедесот“ на Лулу бараат нови сопственици