за

Toyota C-HR: Кросовер како благороден камен

Студијата C-HR го покажува правецот во којшто ќе се развива дизајнот на јапонската марка. Површините на каросеријата на компактниот кросовер потсеќаат на брусен благороден камен.

Студијата на Toyota е подготвена да ги пречека посетителите на салонот во Париз поткачена на големи тркала, со широки крила и покрив во стил на купе, што се стеснува кон опашот на возилото. Кросоверот C-HR од една страна е дизајнерска студија како најава за можниот изглед на идните модели на Toyota, а од друга страна е проба како публиката ќе реагира на смело дизајниран кросовер во семејството на компакт моделот Auris.

C-HR е компактен кросовер со две врати, големо растојание од подлогата и агресивен став, со дизајн што се раководи според формите и површините на благородните камења. Повеќе детали за погонот на кросоверот и за евентуалните најави за идниот сериски модел ќе следуваат по премиерата на 2-ри октомври, на салонот во Париз.

10fin

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla не сака да го продава Model X

Девет интересни факти за новиот Lexus NX