за

Дизел во иднина нема да работи под хаубата на Toyota

toyota otkazuva dizeli

Светскиот број 1 соопшти на салонот во Женева дека го заменува дизелот во своите патнички автомобили со хибриден погон, поточно со повеќе варијанти на хибридниот погон. Почетокот на новата стратегија го одбележа новата генерација на Toyota Auris, којшто се нуди со втора хибридна верзија со 180 КС.

Toyota нема да вградува дизел мотори во идните генерации на своите модели. Место тоа, во новите моделски генерации на најголемата автомобилска марка во светот ќе се нудат повеќе верзии на хибридниот погон. Штотуку претставената трета генерација на компактниот модел Toyota Auris е првиот нов модел што се нуди во две верзии со хибриден погон. Новата верзија настапува со повеќе динамика и располага со системска моќност од 180 КС, комбинирајќи го новиот дволитарски бензинец. Јапонскиот производител уште со кросоверот C-HR најави дека се откажува од вградувањето дизели во своите модели.

Лани Toyota продала 406.000 автомобили со хибриден погон на европскиот пазар, што претставува спектакуларен раст во продажбата од 38 проценти. Моделите со две срца учествуваат со преку 40 проценти во вкупната продажба на Toyota во Европа. Наспроти тоа, дизелот учествува со помалку од десет проценти во продажбата.

Класичните „тешкаши“ како Hilux, Proace и Land Cruiser и натаму ќе се нудат во верзија со дизел мотор, исто како и актуелните „мегасветски“ модели, како Corolla или Avensis.

Toyota лани продала над 1,5 милион хибридни автомобили

Toyota подготвува десет електрични автомобили за 2020

Toyota Camry се враќа на европскиот пазар?

Германија доби храм за обожувателите на Toyota

Тест: Toyota Auris Hybrid Touring Sports

Lexus NX 300h F Sport: Луксуз со двотарифно броило

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

турбо дизел знак

Само третина од новите автомобили во Германија се дизели

GFG Style на салонот во женева

Ова се визиите за иднината од салонот во Женева