145
37 shares, 145 points

По 13 години под „туѓо“ име, моделската серија на Toyota од компакт класата повторно се вика Corolla. Генерациската смена од Toyota Auris во Toyota Corolla ќе се случи на салонот во Париз, продажбата стартува в година

Убава вест за љубителите на традиционалните вредности. Toyota се откажува од името Auris и своето моделско семејство од компакт класата повторно го води како Corolla. Преименувањето се случи во 2006 година и требаше да ги симболизира големите промени што се случија во концептот на автомобилот. Името Auris е модификација на латинскиот збор за злато (аурум), со призвук на име на грчки бог.

Лимузинската изведба никогаш не се откажа од името Toyota Corolla

Toyota Corolla ќе важи на целиот светски пазар, за сите три каросериски изведби, односно ќе важи и за комбилимузината со пет врати и за комбито Touring Sports. Јапонската марка никогаш не се откажа од името Corolla за класичната лимузинска изведба на моделот. Тоа ќе беше премногу радикално.

Toyota Corolla mesto Auris 1

Toyota Corolla сепак е името на најпродаваната моделска серија во историјата, со повеќе од 45 милиони примероци. Откако ќе стартува продажбата на новата моделска генерација во почетокот на следната година, името Auris целосно исчезнува од понудата на јапонската марка.

На салонот во Париз (од 4-ти до 14-ти октомври) следи светската премиера на комбито Toyota Corolla Touring Sports, попкрај која што ќе биде изложена и комбилимузинската изведба со 5 врати. Двата модела ќе се појават пред публиката во хибридна варијанта.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
37 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *