134
26 shares, 134 points

Покрај сите снагатори, уникати и футуристички концепти на салонот во Женева, постои еден автомобил чиешто пристигање е многу позначајно: Третата генерација на Toyota Auris, со храбрите дизајнерски линии од C-HR и за првпат со избор од два модела со хибриден погон, со 122 и 180 КС.

Во Toyota сé се одвива како што стратезите предвидеа пред повеќе од две децении. Дизелот заминува, хибридниот погон не само што опстојува, туку и се „размножува“. Со пристигањето на новата генерација на Auris, модел на Toyota првпат е достапен во две моделски изведби со хибриден погон. За јапонскиот гигант да го постигне тоа, потребно беше низ светот да се пласираат единаесет милиони хибриди, од кои дури 1,5 милион во Европа.

Носот е скусен за 20 милиметри во споредба со постоечкиот модел, впечатливо малата висина е резултат од новата платформа од Prius и C-HR

Toyota Auris premiera 3

Третава генерација на Auris е модел на најголемата пресвртница во историјата на автомобилизмот. Тоа се гледа јасно во понудата од погонски единици. Додека за претходникот имаше избор од пет мотори и еден хибрид, новиов е достапен со само еден бензински мотор од 1,2 литар и во две хибридни верзии. Едната комбинира 1,8-литарски бензинец и располага со системски 122 КС, додека втората го ангажира новиот 2,0-литарски бензинец и ја „унапредува“ заедничката моќност на моторот и електромоторот на 180 КС.

Верзијата на Toyota Auris со 122 КС е „основниот“ модел, онаа со 180 КС е за возачи што бараат повеќе

Причината зошто во Toyota дојдоа на „идеја“ да понудат хибридна верзија со повисоки перформанси е во новата платформа TNGA, односно во нејзината варијанта што е наменета за модели од компакт класата. Како што претходно уверија Prius и C-HR, новата платформа овозможува повисок комфор, но во исто време и подинамични возни својства и поголемо уживање во возењето. Рачките за префрлување на степените на воланот се знак дека во Toyota очекуваат возачите навистина да се ангажираат околу новата хибридна варијанта со 50% повисока моќност од стандардната.

Верзијата со двобојна каросерија има смисла покрај мошне динамичната и самоуверена форма на новиот Auris

Toyota Auris premiera 5

Тежиштето на возилото е 20 милиметири пониско отколку кај претходникот. Назад работи оска со повеќе водилки кај сите моделски изведби, а торзиската отпорност на каросеријата е оптимирана со примена на челик со висока цврстина. Како резултат од преоѓањето на TNGA, Toyota ветува дека се унапредуваат сите подрачја, од управливоста, преку возниот комфор, до безбедноста.

Главната цел при дизајнирањето на новиот Auris беше да се креира најмоќната и најдинамична компактна комбилимузина на пазарот, без компромиси во практичноста на кабината Сајмон Хамфрис, шеф за глобалниот дизајн на Toyota

Токму тежнеењето да се постигне колку е можно пониско тежиште се огледува во дизајнот на новиот Auris, особено во страничната силуета. Компактот оддава леснотија и изгледа како да е залепен на патот. Како што од нискиот нос се продолжува кон опашот, така се забележува подинамична, моќна форма. Европа ги сака ваквите каросериски форми.

Целиот пораст во должината од 40 милиметри оди на сметка на продолженото меѓуоскино растојание

Должината порасна за 40 милиметри, поточно за толку порасна меѓуоскиното растојание (сега 2,64 метри). Покривот се спушти за 20 милиметри, а појасната линија, односно долниот раб на прозорците, пониска е за дури 47 милиметри во споредба со претходникот.

Драстично спуштениот долен раб на прозорците прави Auris да изгледа лесно и подвижно

Toyota Auris premiera 6

Дизајнот на носот е нов за Toyota. Под заоблениот почеток на хаубата се наоѓа малечка маска, којашто всушност го вдомува логото на марката. Формата на светлата е впечатлива. Дневните светла се интегрирани, графиката е оптимирана за верзијата со диодни светла. Наспроти филигрански нежните и елегантни форми над неа, долната маска е масивна, моќна, оддава самоувереност. Во споредба со претходникот, носот е покус за 20 милиметри. Карактеристичните перки отстрана ја нагласуваат ширината, којашто кај новиот Auris порасна за 30 милиметри.

Toyota Auris premiera 7

Долната маска не е впечатлива само со големината, туку и со новиот дизајн на „решетката“, во замена за стариот изглед во стил на саќе. Меѓу краевите на маската и катамаран-перките се наоѓаат диодните магленки.

Хромираната лајсна во задниот браник внесува благородност во појавата

Задното стакло е дополнително закосено за 14 степени и прави опашот да изгледа покомпактно, иако е за 20 милиметри подолг отколку кај претходникот. Кровниот спојлер е стандард кај сите моделски верзии. Светлата исто така користат диодна техника, со графика што ја нагласува ширината на каросеријата. Две хромирани лајсни ставаат завршен печат на опашот.

Кровниот спојлер ќе биде стандард во сите моделски изведби на новиот Auris

Toyota Auris premiera 10

Во ваквата „основа“ прилега да се избере и новата варијанта со двобојна каросерија. Во тој случај, покривот е лакиран во црна боја, додека столбовите се финиширани со висок сјај.

Toyota уште ги држи во тајност деталите околу техниката, опремата, како и пазарниот старт. Засега само се претпоставува дека првите примероци ќе бидат испорачани на пазарот во почетокот на следната година. Познавачите ќе умеат да ја проценат ситуацијата. Смената на моделските генерации значи дека актуелниот модел може да се добие по екстра цена, што е веќе и случај на нашиот пазар. Кај Auris тоа значи само едно. Хибриден модел од компактната класа нема да биде поевтин отколку сега.

Дизел во иднина нема да работи под хаубата на Toyota

Toyota лани продала над 1,5 милион хибридни автомобили

Тест: Toyota Auris Hybrid Touring Sports

Toyota подготвува десет електрични автомобили за 2020


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
26 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format