за

Три милиони хибриди на Toyota возат низ Европа

Три милиони хибриди на Toyota возат низ Европа
Три милиони хибриди на Toyota возат низ Европа

На шпанскиот огранок на Toyota му припадна честа да ја одбележи испораката на 3-милионитиот хибриден автомобил од концернот во Европа. Моделот е Corolla GR Sport, историскиот сопственик е Николас Хименез. Црвениот автомобил со црн покрив е произведен во Велика Британија и се издвојува дополнително во гамата на Toyota, како и на улица, по тоа што е во изведбата GR Sport, со бројни детали кои потекнуваат од мотоспортот.

Николас Хименез го избрал хибридниот модел на Toyota затоа што му бил потребен автомобил со кој ќе може непречено да пристапува во центарот на Мадрид, каде што е забранет пристап за возила со слаб квалитет на издувните гасови.

Денес хибридот е неопходен, покрај ограничувањата за влез во бројни градови. Не разгледував друга опција освен хибрид. Избрав Corolla GR Sport поради дизајнот, кој направи да се чувствувам 30 години помладо. Јас имам младо срце и ова е верзијата на Corolla што најдобро му одговара во таа смисла. Посетив салон со намера за Yaris Hybrid, но кога ја здогледав Corolla сфатив дека таа уште повеќе одговара на моите потреби. Оваа класа автомобил ми опвозможува да патувам и на долги релации и да се движам комотно низ град како што е Мадрид.
Николас Хименез, 3-милионитиот сопственик на хибриден автомобил од Toyota во Европа

Врачувањето на клучевите се одвиваше во салонот на Comauto Sur во Мадрид, во присуство на извршниот директор на Toyota во Шпанија, Мигуел Карси. Тој посебно го посочува фактот што за хибридните автомобили почнуваат да се интересираат и возачи што сакаат спортско возење. Според директорот Карси, тоа е најдобар доказ дека хибридната технологија на Toyota нуди и уживање во возење и перформанси.

Првиот хибриден автомобил на Toyota во Европа пристигна во 2000 година, Prius. Денес во понудата на концернот има 20 модели со хибриден погон, вклучувајќи ја и престижната марка Lexus. Лани автомобилите со „две срца“ (ги има и со три срца) учествувале со 52% во продажбата на TME во Европа, односно дури 63% во Западна Европа.

Продажбата на три милиони хибридни возила е важно достигнување што ја потврдува достапноста за нашите хибриди до широк круг купувачи. Нашиот успех со продажбата на хибридите ја става Toyota во одлична позиција да го исполни лимитот од Комисијата на ЕУ за 95 g/km во 2020 и 2021 година во Европа.
Мат Херисон, извршен заменик директор на Toyota во Европа

Во светски рамки, Toyota досега продаде над 15 милиони хибридни возила, кои ја поштедија животната средина од преку 120 милиони тони СО2. Хибридната технологија на Toyota беше воедно и темел за натамошната електрификација, што водеше кон чисто електрични возила и плагин-хибридни возила, како и кон погонот на водород.

>>> Возачите почесто избираат Toyota од почетокот на корона-кризата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Норвешка компанија ги купи mobile.de и Ebay

Норвешка компанија ги купи mobile.de и Ebay за 9 млрд. €

Fiat под истрага за мамење со издувот на дизелите

Fiat под истрага за мамење со издувот на дизелите