Toyota ги разгледува можностите за соработка со јапонската агенција за вселенски истражувања Jaxa во нејзините меѓународни проекти. Како прв чекор се планира возило со погон на водород и човечки екипаж, за истражување на планетите. Toyota уште од мај 2018 година соработува со Jaxa на развој на студија на „rover“ со кабина под притисок.
На површина од 13 метри квадратни би можеле да работат и живеат два, а по потреба и четири астронаути, без потреба да носат астронаутски костуми. Концептното возило долго шест метри ќе служи како подвижна вселенска станица. Со неа ќе може да се управува од внатре, но и оддалеку. Се работи и на автономно возење.
Предноста на водородниот погон е суштинска, затоа што тој овозможува уште подетално истражување на површината на Месечината. Бидејќи е ограничена количината гориво што може да се понесе до земјиниот сателит, водородот во тој поглед е идеално гориво. Со погонот на водород „rover“ може да измине повеќе од 10.000 километри.
Toyota Supra вози повторно по пауза од 17 години
Toyota Corolla во комби изведба за салонот во Париз
Традицијата победува: Toyota Auris повторно е Toyota Corolla
Toyota Auris во Женева: Кој уште прашува за голф?