за

Toyota ќе довезе 45 автомобили за штандот во Детроит

Штандот на Toyota на салонот во Детроит утре ќе прикаже 45 модели пред публиката на најважното автомобилско дефиле од другата страна на океанот. Ѕвезда на штандот со импресивна површина од преку три илјади метри квадратни ќе биде новиот Camry, а нема да отсуствуваат и новитети во понудата од хибридни модели.

Повеќе од 45 автомобили, камионети и теренци ќе се појават на штандот на Toyota на утрешното отворање на салонот во Детроит (8-ми до 22-ри јануари). Најважната премиера ќе ја има новата генерација на Camry, најпродаваниот автомобил во последните 15 години во Америка. Toyota најавува голема дизајнерска пресвртница на Camry, во што никој повеќе не се сомнева откако марката го претстави кросоверот C-HR. Тој исто така ќе биде присутен на штандот во Кобо Центар, а неговата продажба ќе стартува напролет.

https://www.facebook.com/toyota/posts/10154951585484201:0

Прво појавување пред публиката во Детроит ќе има и Toyota Prius Prime, со плагин-хибриден погон и титула на најекономичен автомобил на американскиот пазар, со просечна потрошувачка од 1,8 литар. Изведбата на Prius со можност за надворешно полнење на батериите може да измине до 40 километри во електричен модус, со брзина до 135 километри на час. Според Toyota, дневната тура на повеќе од половината возачи во САД не надминува 40 километри дневно, што значи дека би можеле секојдневно да го возат Prius само со погон на струја.

Подобро од тоа може само Mirai, сé уште актуелен светски еколошки автомобил на годината. Водородниот автомобил на Toyota минува над 500 километри со полни резервоари, а нивното полнење трае околу пет минути. Посетителите на штандот ќе можат буквално да го погледнат одблизу погонскиот систем на водород на Mirai, преку технологијата на виртуелна реалност Oculus Rift.

Истата технологија ќе го демонстира и безбедносниот систем TSS, којшто стандардно ќе се вградува во целата моделска гама на Corolla за локалниот пазар. Четири експонати од салонот за тјунинг SEMA ќе се појават и пред публиката во Детроит: Xtreme Corolla, Extreme Sienna, Prius G и GT86 CS-Cup. Секако дека на штандот од три илјади метри квадратни ќе има почесно место и за реплика од тркачикот болид на Кајл Буш во Nascar.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова е (сепак) најбрзиот електричен автомобил во светот: Enfield 8000

Саемот во Лас Вегас е фестивал на визионерите