за ,

Toyota ќе вградува хибриден погон и во малечкиот Aygo

Јапонската марка го прави следниот чекор пред конкуренцијата во хибридниот погон. Комбинацијата на електромотор и бензинец, за Toyota е исплатлива дури и за вградување во најевтиниот модел.

Летово почнува продажбата на новата генерација на ToyotaAygo, кој набрзо потоа ќе се понуди и во верзија со хибриден погон. Со тоа Aygoго следи чекорот на за една класа поголемиот Yaris, кај кого што моделите со хибриден погон учествуваат со една третина во вкупната продажба на моделот. Оваа квота кај Auris изнесува 40 проценти, додека кај верзијата од моделот со комби каросерија таа достигнува дури 60 проценти.

За конкуренцијата е незамисливо да понуди хибриден погон во модел чија што основна цена се движи околу 10.000 евра. Но, очигледно е дека масовната продукција на хибриден погон во Toyota созреа до решавачкиот стадиум кога напредниот погон станува исплатлив во апсолутно секоја класа возила. Со цена помала од 18.000 евра, Toyota Yaris Hybrid моментно е најевтин модел со хибриден погон на македонскиот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda го произведе тримилиониот трицилиндарски 1.2 THP

Ford Fiesta за помалку од две секунди до 100 km/h