за ,

Toyota со концепт на кросовер на салонот во Париз

Toyota го најави концептот на кросовер C-HR, со техника од Auris и со динамична силуета

Две недели пред стартот на најголемиот салон годинава, Toyota најавува премиера на концепт на кросовер. Хибридниот погон се подразбира, дизајнот треба да биде изненадување.

Во центарот на штандот на Toyota на претстојниот салон во Париз ќе се најде концепт на идниот кросовер од компактната класа, со типично неинтвентивно име C-HR. Кросоверот што веројатно ја користи платформата на актуелниот Auris ќе се појави на салонот со смело дизајнирана каросерија со елементи на купе, во согласност со идејата да се создаде возило што ќе биде забавно за возење.Хибридниот погон е веќе стандард во Toyota и во тој поглед не би требало да има поголеми изненадувања, освен користењето на новите процесори за контролната електроника за хибридот, со којашто се овозможува поефикасно искористување на енергијата во батериите, а тоа значи поголем досег. Идниот кросовер ќе биде позициониран во понудата на Toyota под актуелниот RAV4 и над поранешниот Urban Cruiser, со цел во марката да се привлече помладата и стилски ориентирана публика во популарниот сегмент на кросовер возила.

Во Париз ќе доживее европска премиера и идниот сериски модел со погон на водород, којшто ќе биде лансиран на европскиот пазар веќе во следната година. Повеќе детали за најавениот кросовер ќе следуваат по премиерата на 2-ри октомври.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фејслифт за Porsche Cayenne: Лут, спортски, секси

Светска премиера во Хановер: Новиот Opel Vivaro Combi