за

Toyota произведе 9 милиони возила во Европа

Прв модел на Toyota од европска продукција е Corolla којашто излезе од фабриката во Португалија во 1971 година

Во квечерината на салонот во Париз, Toyota објави уште еден значаен момент во нејзиното присуство на европскиот пазар – девет милиони произведени возила во европските фабрики на Toyota.

Повеќето возачи на Toyota можеби и не знаат, но постои голема шанса дека нивната Toyota е произведена во Европа. Две од три возила што се продадени тука се произведени во една од седумте европски фабрики на Toyota, односно во Португалија, Велика Британија, Турција, Франција, Полска, Чешка или Русија. Вкупната продукција на возила во овие фабрики ќе достигне 9 милиони во текот на оваа недела.

Производството на Toyota на европска почва започна со отворањето на фабриката во Португалија во 1971 година, каде што беше произведена и првата Corolla од европска продукција. По 43 години, јапонскиот гигант располага со девет фабрики во седум европски држави, во вредност од преку 8 милијарди евра, каде што освен за европскиот се произведуваат возила и за пазарот во САД.

Во продолжение следи кус преглед на фабриките на Toyota во Европа:

– Toyota Caetano Portugal S.A. започна со производство во 1971 година и моментно го произведува доставното возило Dyna
– Toyota Motor Manufacturing United Kingdom работи од 1992 година и ги произведува Avensis, Auris и Auris Touring Sports, сите верзии на Auris со хибриден погон, исто како и 1,6 и 1,8 литарски мотори VVT-i и монтажа на хибридни погони
– Toyota Motor Manufacturing Turkey работи од 1994 година и ги произведува Corolla и Verso.
– Toyota Motor Manufacturing France започна во 2001 година и ја произведува третата генерација на Yaris, заедно со Yaris Hybrid. Од минатата година се произведуваат и примероци на Yaris за северноамериканскиот пазар.
– Toyota Motor Manufacturing Poland започна во 2002 година и ги произведува 1,0-литарските бензински мотори за AYGO и Yaris, мануелни менувачи за Auris, Avensis, Verso, Corolla и Aygo. Од 2005 година, Toyota Motor Industries Poland произведува 2,0 и 2,2-литарски дизели D-4D за Avensis, Auris, Verso, RAV4 и 1,4-литарски дизели D-4D за Yaris, Auris и Corolla. Исто Започнувајќи со производство во 2005, Toyota Peugeot Citroën Automobile Czech, како заедничката инвестиција со PSA Peugeot Citroën, го произведува новиот AYGO, лансиран годинава.
– Toyota Motor Russia започна во 2007 година во Санкт Петерсбург и го произведува Camry. TMR Saint-Petersburg планира во 2016 година да започне со производство на втор модел, Toyota RAV4.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mazda2 е автомобил на годината во Јапонија

Новиот Ford Focus ќе се произведува во осум фабрики на четири континенти