за

Toyota прави посебен Yaris за Кинезите

Јапонскиот гигант има три премиери на салонот во Шангај. Централното место му припаѓа на Yaris, кој однадвор целосно се разликува од европската изведба.

Името е исто, техниката е иста, но каросеријата е различна од онаа што ја носи европската верзија на малечкиот модел на Toyota. Кинескиот Yaris се ориентира според концептното возило Dear Qin кое што беше прикажано лани на салонот во Пекинг. Приспособувањето на стилот според вкусот на кинеските купувачи се сведува на впечатливо голема маска напред и на столбови лакирани во црно, кои прават покривот да изгледа како да лебди. Производството на Toyota Yaris за Кина почнува кон крајот на годината.

На штандот на Toyota се прикажуваат дури 52 возила на рекордна површина на штанд од 4.600 метри квадратни. Првата Toyota во Кина почна да вози во 1964 година, тоа беше престижниот модел Crown.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најбрзиот електромобил на светот со премиера во Шангај

7.000.000 примероци на Ford Fiesta од Келн