за ,

Toyota очекува намалена продажба на хибридниот Prius поради евтините горива

Toyota очекува годинава да продаде помалку примероци од хибридниот Prius поради континуираните ниски цени на горивата и намалувањето на интересот на пазарот за штедливи погонски концепти.

Намалениот интерес на глобалниот пазар за штедливи погонски концепти поради постојаното ниско ниво на цени на горивата е причина Toyota да ги намали продажните очекувања за новата генерација на хибридниот модел Prius. Од четвртата генерација на Prius, која неодамна стартуваше во Јапонија, Toyota предвидува годинава да продаде меѓу 300 и 350 илјади примероци, наспроти претходникот, за когошто продажните цели беа поставени меѓу 300 и 400 илјади примероци. Ниските цени на горивата доведоа интересот за хибридни возила да биде во постојано опаѓање од 2013 година и тоа е причината за намалувањето на продажните очекувања на Toyota за хибридот Prius.

toyota prius iv 1Цените на горивата се намалија речиси за половина од средината на минатата година, што придонесе купувачите да го загубат интересот за штедливите возила и да се преориентираат на спортски теренци. Бензините во САД се на најниско ниво во последните седум години. Продажбата на Prius во земјата се намали за 12 проценти од почетокот на годинава до ноември во споредба со истиот период лани. Новата генерација на Prius на јапонскиот пазар чини 2,43 милиони јени без давачки, односно околу 18.300 евра, што е за 19 проценти повеќе од претходникот. Продажбата во Европа ќе стартува во февруари.

Потрошувачката на гориво во новата генерација на Prius е намалена за една петина, така што сега изнесува околу 3,0 литри, наспроти 3,9 литри кај претходникот. Со осум милиони возила, Toyota доминира на светскиот пазар за хибридни автомобили кој брои вкупно девет милиони возила. Околу четири милиони возила отпаѓаат само на Toyota Prius.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan ќе ги приклучи електричните автомобили во дистрибуцијата на струја

90-60-90: Volvo повторно има секси пропорции