за

Toyota и Mazda влегуваат во потесна соработка

Акио Тојода и Масамичи Когаи на потпишувањето на спогодбата за соработка

Двете јапонски марки најавија продлабочување на меѓусебната соработка. Toyota има интерес да ги користи моторите на Mazda, додека оваа за возврат ќе добие помош при развојот на новите модели.

Јапонските производители на автомобили Toyota и Mazda ја продлабочуваат соработката. Според официјалното соопштение, во рамките на долгорочното партнерство „ќе произлезат уште попривлечни автомобили, преку меѓусебното надополнување и усовршувањето на продуктите и технологиите.“ Целта е да се постигне широка соработка на повеќе полиња, вклучувајќи и еколошки и безбедносни технологии. Обата производитела не дадоа конкретни податоци во тој поглед.

Хибриди за Mazda, фабрика во Мексико за Toyota

Двата автомобилски концерни веќе имаат реализирано соработка. Mazda ја користи хибридната технологија на Toyota во своите модели за јапонскиот пазар, додека во фабриката на Мazda во Мексико се произведуваат компактните модели на Toyota. Според наводите на претпријатијата, последнава спогодба ги надминува традиционалните рамки на соработка и има поставено цел „да создаде цела низа нови вредности на возилата“.

Од соработката ќе профитираат обете марки. Со 1,4 милион продадени возила во минатата година, Mazda се вбројува меѓу помалите производители на глобално ниво и има потреба од партнер во развојот на новите возила и технологии. „Десетмилионската“ Toyota, пак, во развојот на погонот се концентрираше исклучиво на хибридната технологија и го запостави интензивниот развој на конвенционалните мотори, па ќе профитира од бензинците и дизелите од генерацијата Skyactiv на Mazda.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед не ги сакаат подарените Шевролети

Kawasaki Versys 650: Универзалец за забава и за долги тури