за

Toyota го презема софтверот од Ford

Toyota ќе го преземе софтверското решение Smart Devicelink коешто е развиено од Ford. Софтверот нуди богати можности за користење на мобилни апликации во возилото.

Софтверот прераснува во стратешко орудие и во автомобилската бранша. Производителите очигледно не сакаат повеќе да си дозволат во своите возила да нудат застарен кориснички софтвер, кој се чини смешен покрај апликациите што ги користиме секојдневно на мобилните телефони. Toyota ќе го преземе во своите возила софтверското решение Smart Devicelink, развиено од Ford. Со овој софтвер, на возачите им се нудат дополнителни можности при користењето на мобилните апликации. Во возилата што поседуваат Smart Devicelink, популарните апликации може да се користат преку дисплеите и прекинувачите во кокпитот, исто како и преку говорна команда.

Ford свесно го разви Smart Devicelink како софтвер со отворен код, со цел да понуди стандард во браншата. Добавувачите на автомобилската индустрија QNX Software Systems и UIEvolition исто така имаат намера да го применат софтверот на Ford во своите производи. Моментно францускиот PSA Peugeot Citroen ги испитува можностите за примена на Smart Devicelink во своите модели. Honda, Mazda и Subaru исто така се заинтересирани за софтверот на Ford.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pagani подготвува хардкор-изведба на Huayra со 800 КС

Неколку совети за безбедно возење во зимски услови