за

Toyota го планира наследникот на водородниот Mirai за 2020 година

Следната генерација на автомобилот со погон на водород на Toyota може да се појави уште пред 2020 година. Постои добра причина зошто јапонскиот гигант го избира овој тајминг за новиот Mirai: Одржувањето на Олимписките игри во Токио.

Toyota ја подготвува втората генерација на својот модел со погон на водород Mirai. Новиот автомобил ќе се појави по само пет години од премиерата на актуелниот модел. Според Кијотака Исе, шеф за развој и истражување во Toyota, Олимпијадата во Токио во 2020 година може да биде идеална подлога за презентација на новиот Mirai.

Јапонскиот производител постави цел до крајот на деценијата да достигне годишна продукција од 30.000 автомобили со погон на водород. Тоа е десетпати повеќе отколку што е планирано за следната година. Затоа пак е сосема извесно дека Toyota ќе испорача 100 автобуси со водороден погон за Олимписките игри.

Toyota ја смени својата стратегија за хибридни и електрични автомобили. Пред неколку денови од концернот соопштија дека до 2020 година ќе претстават компактен автомобил со електричен погон којшто ќе постигнува досег од 300 километри во реални услови на возење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan стартува со продажба на акумулаторски системи за домовите

Електричниот Renault Zoe вози 400 километри со едно полнење