Дилерите со најдобри резултати од 32 европски држави беа одликувани со наградата „Ичибан“. Toyota ја доделува оваа награда врз основа на степенот на задоволство на клиентите на марката.
Клиентот е прв – јапонската марка отсекогаш се раководела според оваа философија, којашто е во сржта на нејзиниот генетски код. Toyota Motor Europe, на свечена церемонија во францускиот град Кан, во четвртокот им ја додели наградата „Ичибан“ на 44 свои дилери во 32 европски држави, како признание за нивната посветеност во постигнување задоволство на клиентите во продажбата и во постпродажбата на возилата. Toyota ги оценуваше перформансите на околу 2.300 европски дилери на Toyota.
Јапонскиот збор „Ичибан“ потекнува од „Окиакусама Ичибан“, којшто значи „Клиентот е прв“, па оттаму и „ичибан“ се однесува на „прв“ или „на прво место“. Откако Toyota почна да ги доделува наградите во 2007 година, перформансите на дилерите се подобрија за 47,5 проценти во продажбата и за 40 проценти во постпродажбата.
Во нашето пошироко соседство, наградата „Ичибан“ ја освоија Сладабони (БиХ), Мотомом (Бугарија), Тојота центар Загреб (Хрватска), Атанасиос Подас (Грција) и Тојота Центар Београд (Србија).