Пазар

Toyota за една година продаде 2,5 милиони автомобили во САД

Најдобра година за RAV4, рекорди за Lexus NX, најдобра продажба за целата гама пикапи

Северноамериканскиот огранок на Toyota ги објави годишните бројки. Продадени се близу 2,5 милиони автомобили, вклучувајќи над 300.000 возила од престижната марка Lexus и над 1,4 милион возила од омилените тамошни сорти, пикапите и теренците. Но, Tacoma и Tundra не се единствените моделски имиња што ни се помалку познати од оваа страна на океанот.

Серијата сервисни повици во почетокот на деценијава очигледно остави повеќе траги врз институциите во САД што проценија дека се небезбедни патосниците во преку 5 милиони возила на Toyota, отколку што остави траги во имиџот на марката. Додека целиот автомобилски пазар во САД е во длабок минус, јапонската марка ја заврши минатата година со 2.434.515 возила, што е за само половина процент послабо отколку преклани.

Како на домашна територија, престижната марка Lexus учествува со повеќе од 12% во вкупната продажба на Toyota во САД. Тоа значи дека од секои осум продадени возила од јапонскиот концерн, едно е Lexus. Соодносот на силите е сосем поразличен од другата страна на океанот. Lexus беше втора најпродавана луксузна марка лани, веднаш по Mercedes, а пред BMW и Audi.

Неколку достигнувања на моделите на Toyota и Lexus во САД

  • Toyota е најпродавана марка меѓу приватните купувачи
  • Camry со историски рекорд во декември, со 43.331 продадени примероци; рекорден квартал со 104.574 примероци
  • Раст од 9% во продажбата на теренците и пикапите на годишно ниво
  • Рекорден квартал и година за теренците на Toyota
  • Рекорден квартал и година за RAV4
  • Рекорден декември и година за 4Runner
  • Рекордна година за Highlander
  • Рекорден декември и година за Tacoma
  • Рекордна година за теренците на Lexus
  • Рекорден месец, квартал и година за Lexus NX

    Апсолутен лидер во продажбата на Toyota е RAV4 со близу 410.000 продадени примероци. Веднаш потоа следи Camry, како најпродавана лимузина на американскиот пазар, и тоа во континуитет од две децении. По глобалното моделско име Corolla на третото место, следат Highlander, Tacoma, 4Runner, Tundra, Sienna… Многу имиња што тука вистински ги познаваат само малкумина.

    Затоа, овојпат само накусо ќе ги запознаеме најпродаваните модели на Toyota и Lexus во САД преку слика и преку нивните продажни бројки.

    Топ 10 Најпродавани модели на Toyota во САД

    1-во место: RAV4 со 407.594 продадени примероци

    Toyota_RAV4_Adventure

    2-ро место: Camry со 387.081 продадени примероци

    Toyota_Camry_SE

    3-то место: Corolla Sedan со 308.695 продадени примероци

    Toyota_Corolla_XSE

    4-то место: Highlander со 215.775 продадени примероци

    Toyota_Highlander

    5-то место: Tacoma со 198.124 продадени примероци

    Toyota_Tacoma

    6-то место: 4Runner со 128.296 продадени примероци

    Toyota_4Runner

    7-мо место: Tundra со 116.285 продадени примероци

    Toyota_Tundra_Limited

    8-мо место: Sienna со 111.489 продадени примероци

    Toyota_Sienna_SE

    9-то место: Prius со 108.662 продадени примероци

    Toyota_Prius

    10-то место: Yaris iA со 35.727 продадени примероци

    Toyota_Yaris_iA

     

    Топ 5 Најпродавани модели на Lexus во САД

    1-во место: RX со 108.307 продадени примероци

    Lexus_RX_350

    2-ро место: NX со 59.341 продадени примероци

    Lexus_NX300

    3-то место: ES со 51.398 продадени примероци

    Lexus_ES_300h

    4-то место: GX со 27.190 продадени примероци

    Lexus_GX_460_Sport

    5-то место: IS со 26.482 продадени примероци

    Lexus_IS_350_F_SPORT

    Ознаки
    loading...

    Слични објави

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Откриен е Adblock

    Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

    Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729