156
76 shares, 156 points

Киробо има интелект на петгодишно дете и зборува непрестано. Повеќе маскота отколку робот, тој се грижи за доброто расположение во возењето и преку вештачката интелигенција учи постојано.

Во Toyota почнува сé да се врти околу емоциите. Претседателот Акио Тојода со години ги обрабрува своите инженери да се внесат со целосно уживање во својата работа. Резултатите сé уште поочигледни во работата на дизајнерите.

Позитивното расположение се пренесува и надвор од фабриките на Toyota. Во салоните на марката во Јапонија денес започна продажбата на мини-робот по цена од 43.000 јени, односно 320 евра. Киробо е името на оваа дигитална маскота што извлекува насмевка од корисниците. Оваа хајтек играчка може да биде и дигитален совозач, кој директно ги чита информациите од возилото и може да одговори на прашања од типот „уште колку гориво има во резервоарот“.

Киробо-мини е потомок на славниот Киробо, првиот робот во вселената

Киробо има големина на лименка и во возилото може комотно да се смести на арматурната табла. Освен што зборува како навиен, дигиталниот совозач на Toyota има навика да ги клати нозете како дете и повремено да зјапа во возачот.

Тоа што зјапа всушност е камера, којашто преку паметен телефон се поврзува со сервер за распознавање слики. Преку софтверот на серверот, Киробо го препознава расположението на возачот, го слуша, зборува со него и реагира различно на секоја со ситуација. Со секоја комуникација со возачот, дигиталниот совозач учи, разговорот со текот на времето станува сé поприроден. Киробо одвреме навреме ќе го праша возачот како се чувствува или каков бил ручекот.

Програмерите не дозволуваат тој да научи премногу. Паметната играчка секогаш ќе има интелект на петгодишник, не повеќе. Производите што се навистина симпатични успеваат кај Јапонците, дури и кај возрасните. Сé мора да биде „каваи“, односно „слатко“.

Дури и возовите и авионите честопати се облепени со херои од цртаните филмови, а секоја префектура во земјата има симпатичен измислен лик како сопсвена маскота. Киробо исто така личи на херој од манга и има пропорции на дете со преголема глава и премало тело.

Милиони вредниот Honda Asimo е ѕвезда на сите големи настани, робот-миленичето Sony Aibo штотуку излезе во нова генерација, Toyota Kirobo е доволно симпатичен да го освои светот

Киробо засега зборува само јапонски, но сигурно е уште поспособен да создаде зависност, како легендарните тамагочи во 1990-те. Toyota во секој случај оди по патот од производител на автомобили, или поточно најголем производител во светот, да прерасне во понудувач на широк спектар од производи и услуги. Според компаниските визионери, роботите во иднина ќе станат составен дел од секојдневието, исто како што сега се автомобилите.

Во Европа тоа може да звучи нереално, но сликата во Јапонија е сосема поразлична. Sony штотуку ја претстави новата генерација на робот-миленичето Aibo, додека Honda продолжува да го прикажува скапоцениот Asimo на големите настани.

Маскотата на Toyota моментно зборува само јапонски, но има меморија за уште неколку јазици. Тие сигурно ќе бидат вчитани, затоа што Киробо наскоро пристига и во Европа и Америка, по стапките на легендарниот тамагочи.

Киробо може да се пожали кога возачот ќе сопре пресилно, но не и да го учи возачот или да станува негов послушник. Тоа само би го уништило расположението. Неколку видеа што го прикажуваат комуницирањето меѓу дигиталната маскота и возачот:


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
76 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743