135
20 shares, 135 points

Големите европски земји повторно се чекор пред нас. Берлин одобрува субвенции за товарни велосипеди, слични на оние со коишто некогаш кај нас се доставуваа производи до пазарите – 500 евра за обичен, 1.000 евра за електричен товарен велосипед

Колку и да се трудевме во последниве години да го достигнеме Западот со неговите скапи и брзи автомобили, добивајќи ги, за жал, само во користена состојба, сега тој повторно преоѓа во водство. Германскиот град Берлин започна со поттикнување на продажбата на товарни велосипеди, вклучувајќи и верзии со електрична поддршка.

Според градските власти, товарните велосипеди можат да бидат замена за автомобилот и за доставните комбиња. Отпаѓаат и нервозите, затоа што не мора да се бара слободен паркинг, а во исто време се заштедува, затоа што оперативните трошоци се минимални. За овие еколошки, тивки и компактни превозни средства да станат атрактивни за повеќето граѓани на Берлин, Градот за годинава обезбеди 200.000 евра за субвенционирање на продажбата на товарните велосипеди. За следната година, сумата изнесува дури половина милион евра.

товарни велосипеди

Сенаторката за животна средина, сообраќај и заштита на климата, Регине Гинтер, има само пофални зборови: „Товарните велосипеди стекнуваат растечка популарност во приватното и работното секојдневие. Транспортните велосипеди се практични, добри за животната средина и се евтина замена за автомобилот во градот. Со електрична поддршка се гарантира дека возењето ќе биде уживање и на подолги релации и со потешки товари.“

Неочекувано висок одѕив – квотата исцрпена уште во првиот ден

Уште во првиот ден пристигнале преку 1.000 барања, што е повеќе од предвидениот обем за субвенционирање. Од вкупниот буџет од 200.000 евра, за набавки на товарни велосипеди од физички лица биле предвидени 90.000 евра. Оваа ставка веќе е исцрпена, преостанатите 110.000 евра ќе се исплаќаат како субвенција за деловни субјекти кои ќе се решат да користат товарни велосипеди во возниот парк.

Во следниот дел пренесуваме некои од прашањата и одговорите објавени на порталот на градот Берлин, поврзани со поддршката за набавка на товарни велосипеди:

Зошто Сенатот посегнува по парите од даночните обврзници, заради субвенционирање на товарни велосипеди?

Берлин треба да стане потивок и почист. Градот се шири и потребен му е просторот што сега го зафаќаат паркираните автомобили и доставни возила. Товарните велосипеди се решение и можат да ги заменат приватните автомобили и службените возила. На тој начин ги се грижиме за животната средина, за климата и се штитиме од прекумерна бучава.

Кои товарни велосипеди се субвенционираат?

Во основа, сите видови товарни велосипеди, со и без електричен погон. Воедно се субвенционираат и товарни приколки. Исклучени се користени товарни велосипеди и приколки

Колку пари можам да добијам?

Субвенцијата покрива една третина од цената. Но, максимумот изнесува 500 евра за обичен и 1.000 евра за електричен товарен велосипед. За товарни приколки исто така се одобруваат 500 евра.

Како функционира постапката?

Прво се пополнува формулар, со податоци за подносителот, за избраниот модел на велосипед и за планираниот начин на користење. Услов е во барањето да се наведат две продавници коишто го нудат конкретниот модел на велосипед. Откако ќе се пополни предвидената квота, следи извлекување на добитниците. Потоа, тие добиваат ваучер, когошто треба во следните два месеци да го приложат при набавката на избраниот велосипед. Следно е фактурата да се испрати до Сенатот, кој потоа ги префрлува средствата на сметката што е наведена во формуларот од подносителот на барањето.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
20 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743