за

Total ќе постави 20.000 полначи за електромобили во Холандија

Total ќе постави 20.000 полначи за електромобили во Холандија
Total ќе постави 20.000 полначи за електромобили во Холандија

Total го доби најголемиот тендер за полначи за струја за електрични автомобили во Европа. Нафтената компанија победи на тендерот на асоцијацијата за електричен погон MRA-E, со когошто се предвидува поставување и управување со 20.000 нови станици за полнење во следните години, во трите холандски провинции Норд-Холанд, Флеволанд и Утрехт.

Со новиот проект се излегува во пресрет на рапидно зголемената потреба за станици за полнење на електрични автомобили во Холандија. Мрежата од полначи за возила на струја што ќе ја гради Total опфаќа површина на којашто живеат 3,2 милиони жители и покрива околу 15% од моментната потреба од станици за полнење на електрични возила.

Total веќе има искуство во поставувањето и менаџирањето со големи мрежи од јавно достапни полначи за електрични автомобили. Специјализираниот огранок на Total, со име PitPoint, досега има поставено повеќе од 4.500 јавни полначи за струја во трите холандски покраини што се под надлежност на партнерството за електромобилност MRA-E и со тоа се вбројува меѓу водечките компании во ова подрачје во земјата.

Електричната енергија што ќе биде достапна на новите полначи потекнува 100% од обновливи извори, односно од енергијата на сонцето и на ветерот. Total воедно ќе продолжи да инвестира во изградбата на капацитети за обновлива енергија во регионот.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cruise origin, General Motors претстави роботско такси, без волан, без педали

General Motors претстави роботско такси, без волан, без педали

Volvo_XC40_Recharge_P8_AWD

Добар почеток на продажбата на електричниот Volvo XC40