за

Топ 25 Најпродавани модели на европскиот пазар

dacia sandero profil
dacia sandero profil

Според последните детални статистики за европскиот пазар, во јули се продадени 1,33 милион возила, малку повеќе отколку во истиот месец лани. Големо изненадување е Dacia Sandero на третото место. Toyota Corolla и Ford Focus се најпродавани компакти, веднаш по класичарот Golf.

Во услови на економска несигурност и слабеење на купувачкиот дух, европскиот автомобилски пазар сепак постигна раст во јули, со 1.325.600 примероци или 1,2% повеќе од истиот месец лани. Јулските резултати ги охрабруваат производителите, затоа што само еден месец порано, продажбата имаше пад од 7,9 проценти. Меѓутоа, вкупната продажба годинава и натаму е 2,5 проценти во минус, со 9.723.400 возила од јануари до јули.

Најголемите промени се случуваат кај хибридните и електричните возила, кои во јули постигнале 96.600 продажби. Тоа е зголемување од дури 29 проценти. Ваквите големи промени секако дека влијаат и врз соодветно зголемување на пазарниот удел. Ако хибридите, плагин-хибридите и „батериските“ лани во јули учествувале со 5,8 проценти во вкупната продажба, годинава нивниот удел се зголемил на 7,4 проценти. Звучната граница од 10 проценти ќе се пречекори и порано од очекувањата.

Toyota Corolla и во јули продолжува да бележи најголем пораст во продажбата на европскиот пазар
New photo by Automedia MK / Google Photos

Уште поимпресивни резултати произлегуваат при расчленување на продажбите на сите видови „алтернативен“ погон. Хибридите продолжуваат да доминираат, со 56.800 продадени возила во јули или за 27% повеќе од истиот месец лани. Вообичаено, најголем дел од оваа продажба отпаѓа на модели на Toyota и Lexus, но добро напредуваат и хибридите на Mercedes, како трета најпродавана марка во овој сегмент во јули, како и на Land Rover, чијшто Evoque во изведба со хибриден погон е на петтото место.

Дизелот спадна на 31%, возачите се префрлуваат на бензински модели, но уште повеќе на хибриди и електрични возила
New photo by Automedia MK / Google Photos

Фантастични бројки бележат возилата со погон само на струја. Во јули, тие имаат вкупно 23.200 продажби, постигнувајќи раст од 98 проценти! Главниот „мотор“ за продажбата е Tesla, воедно најпродавана марка во делот на електричните возила, а секако и Renault, чијашто продажба забележа раст од 103% во јули и прво место во сегментот за Zoe. Пораснала и продажбата на електрични возила на Volkswagen (+64%), Hyundai (+334%) и на Audi, со 1.735 примероци од E-Tron во јули.

СУВ-моделите почнаа да подзабавуваат со растот во продажбата
New photo by Automedia MK / Google Photos

По сегменти, СУВ-возилата се водат како целина и оттаму е јасно зошто на нив отпаѓа најголемиот дел од пазарот. Во јули, овие популарни возила постигнале 505.900 примероци, односно раст од 8,7 проценти. Јунските бројки не изгледаа ветувачки за производителите, бидејќи сегментот покажа најниска регистрирана продажба во овој летен месец. Меѓутоа, порастот во минатиот јули, се уште заостанува зад 35%, 18% и 12% што беа забележани соодветно во јули 2018, јули 2017 и јули 2016 година.

Golf, Focus, Corolla, A-Class: Тоа се четирите најпродавани компакти
New photo by Automedia MK / Google Photos

Меѓу моделите, пријатно изненадување е третото место на Dacia Sandero. Тоа е историски највисок пласман на романскиот автомобил. Добро напредуваат и Mercedes A-Class, Mini, Skoda Karoq, Audi Q3, Skoda Kodiaq, Suzuki Vitara, Jeep Renegade, Toyota RAV4, Mercedes B-Class и Hyundai Kona.

Од последните модели што лансирани на пазарот, забележани се следните продажни бројки: Volkswagen T-Cross (12.600 примероци), BMW серија 3 (8.300 примероци), Citroen C5 Aircross (8.100 примероци), Peugeot Rifter (5.000 примероци), Peugeot 508 (4.300 примероци), Seat Tarraco (4.100 примероци), Land Rover Evoque (3.900 примероци), Skoda Scala (3.700 примероци), Tesla Model 3 (3.200 примероци), Mercedes GLE (2.500 примероци), BMW X4 (2.000 примероци), Suzuki Jimny (1.800 примероци), DS 3 Crossback (1.800 примероци), Audi E-Tron (1.800 примероци) и Lexus UX (1.700 примероци).

Продажба на нови автомобили во јули 2019 на 27 најголеми пазари во Европа
New photo by Automedia MK / Google Photos

Дизелот спадна на 31%, електричните со двојно зголемување

Тест: Toyota Corolla 1.8 Hybrid Executive Plus

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes EQC Laver Cup

Mercedes EQC службено возило на тенискиот куп Лавер

mercedes glb

Mercedes ги објави македонските цени за новиот теренец GLB