160
21 shares, 160 points

Статистиката за продажбата на возила на пазарот во САД за 2019 година открива нешто необично: Меѓу десетте најпродавани модели на 17-милионскиот пазар, повеќе од половината потекнуваат од јапонски марки. Тоа сепак е релативно, затоа што повеќето од нив се американска продукција.

На пазарот во САД се е во „нормала“. Големите СУВ-модели и натаму сочинуваат половина од автомобилскиот пазар, конкретно со 49,5% или со зголемување од 1,55 процент во споредба со преклани. Вкупно, тоа се 8,5 милиони големи и тешки СУВ-модели. Првото место во овој сегмент му припаѓа на RAV4, Toyota. Значи, автомобил од јапонска марка, иако е произведен на континентот. RAV4 е најпродаван СУВ трета година по ред и воедно четири години наназад е најпродавано патничко возило во САД. Вкупно се постигнати 448.068 продажби или за 4,9% повеќе од преклани. Следи уште еден „Јапонец“, Honda CR-V, за по него да следи Chevrolet Equinox. Низата ја заокружува Nissan Rogue, повторно јапонска марка, и повторно со локални фабрики.

Напредувањето на СУВ-моделите доаѓа на сметка на лимузините, чијшто пазарен удел се смалил од 32,4% во 2018 година, на 29,4% лани. Најпродаваната лимузина повторно доаѓа од Toyota. Тоа е Camry, со 336.978 примероци. Водечката петорка во овој сегмент ја сочинуваат Honda Civic, Toyota Corolla, Honda Accord и Nissan Altima.

Првото место во продажбата во премиум сегментот припаѓа на Tesla Model 3 – втора година по ред

Главното обележје на американскиот пазар сепак се пикапите. Нивната продажба лани надминала 3,6 милиони примероци, односно за 200.000 повеќе отколку преклани. Најпродаваниот пикап, Ford F-Series, воедно е и најпродавано возило во САД, со 896.526 примероци. Доколку оваа моделска серија се води како посебна марка, таа би била седма најпродавана во земјата, по Jeep, а пред Subaru. Следните места меѓу најпродаваните пикапи им припаѓаат на Ram Pickup и Chevrolet Silverado.

Следното што остава силен белег е најпродаваниот автомобил во премиум сегментот. Ова почесно место му припаѓа на никој друг, туку на Tesla Model 3. Со повеќе од 150.000 продадени возила во САД во 2019 година, електричниот седан втора година по ред е на премиум-тронот.

Најпродавани модели во САД во 2019 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најпродавани марки во САД во 2019 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

160
21 shares, 160 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *