179
39 shares, 179 points

На автомобилската сцена не се случуваат само премиери на нови модели и големи автомобилски салони на коишто производителите ги одмеруваат силите. Надвор од продажните салони и од штандовите под рефлектори има многу повозбудливи случувања. Браншата е под влијание на револуционерни промени како никогаш досега и сето тоа остава траги на сцената. Ова се нашите топ 10 погодоци и утки за изминатата седмица.

Во редакцијата на Automedia повторно се водеше жестока дебата викендов, околу настаните што оставиле најсилен впечаток во изминатата работна седмица. Некои настани оставија позитивен впечаток, други настани ќе се помнат по негативната конотација.

Како и секогаш досега, Automedia ги препознава трендовите и промените на автомобилската сцена и ви ги прикажува во реалното светло и со точната смисла. Следи новиот материјал за дебата, новите топ 10 погодоци и утки на неделата.

Топ првоаприлска вест е Tesla Mоdel 3 со плагин-хибрид и дизел од Volkswagen

Вон конкуренција и во контекст на празникот на шегата е првоаприлската објава на Ауто Експрес: „Tesla ќе произведува верзија од Model 3 со плагин-хибриден погон … дизел моторите ќе се преземат од 350-те илјади возила што Volkswagen ги откупи од оштетените купувачи во САД … автомобилот ќе се води под ознаката Model 300d .. со овој чекор, Tesla конечно ќе ја достигне планираната продукција од 5.000 примероци неделно.“

 

Топ 10 Најголеми погодоци на автомобилската сцена во изминатава седмица според редакцијата на Automedia

 

[tie_list type=”thumbup”]

  • Автобус дава пример за чист погон?

[/tie_list]

ЈСП тестира погон на метан како гориво за почисто Скопје

Пристапот кон заштитата на животната средина се движи во добра насока. Автобус Mercedes Citaro со погон на метан, два месеци ќе се тестира на редовната линија 5 во Скопје. Во повеќе градови во Европа возат автобуси со ова погонско гориво, коешто е неспоредливо почисто од дизелот, а според скопскиот градоначалник овозможува и 50% заштеда во трошоците за гориво.

Да ја погледнеме и (замислената) голема слика:

  • Половината возен парк во градскиот превоз користи метан,
  • Тоа поттикнува интерес за патнички автомобили со погон на метан,
  • Бројот на станици за полнење метан се изедначува со станиците за автоплин,
  • Еколошката слика во метрополата се подобрува драстично,
  • Дизелот веќе со години е потиснат од „гасниот“ погон.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Хрватскиот електромобил Rimac C_Two веќе распродаден

[/tie_list]

rimac c_two_static_rear

Вториот модел на хрватскиот специјалист за електричен погон се распродаде за кусо време по премиерата во Женева. Целата серија од 150 примероци од Rimac C_Two, секој со цена од 1,7 милион евра, најде сопственици за само три недели. Tesla во меѓувреме лета во облаци, поточно орбитира кон Марс. Производството на C_Two започнува веќе годинава.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Електричните стануваат интересни и како користени возила

[/tie_list]

Nissan Leaf добива нови батерии по цена од 2.300 евра

Nissan ги објави цените за нови батериски модули, за замена на оригиналната батерија откако нејзиниот капацитет ќе падне под 80 проценти. Модулот не е сосема нов, туку е рециклиран, но овој чекор значи многу за пазарот на електрични автомобили. Со цена од 2.300 евра за батерија од 24 kWh, сопствениците на електричен Nissan можат по релативно прифатлив трошок да ја заменат „дотраената“ батерија и да продолжат со користење или да го продадат возилото. Понудата засега важи само во Јапонија, но јасно ја покажува насоката на електромобилноста.

Премногу се 2.300 евра за замена на батеријата по десетина години? Да пресметаме за дизел: Замена на пумпа за гориво, турбина, сензор за воздух, рециркулација на издувни гасови, брегасти вратила и вентили, клипови, замавник, менувач…

[tie_list type=”thumbup”]

  • Заштитата на животната средина над профитот на индустријата

[/tie_list]

Како ретко досега, битката меѓу производителите на автомобили и политиката се одвива на очиглед на јавноста. Истражители од надлежните обвинителства речиси истовремено влегоа во централите на Volkswagen и BMW, во Волфсбург и Минхен, заради обезбедување докази во врска со дизел скандалот, односно лажирањето на издувните гасови. Повеќе нема отстапка. Дизелот е на заминување.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Opel ќе се вози и во Бејрут

[/tie_list]

Opel планира да ја зајакне продажбата во 15 држави во Азија, Африка и Јужна Америка. За почеток, во јули се отвора ексклузивен центар на Opel во Бејрут, Либан. Тоа можеби изледа како обична вест, но има заднина. Opel до неодамна беше дел од General Motors, кој е американски автомобилски концерн … Се разбираме.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Брегзит ќе го расипе СО2 билансот на Унијата

[/tie_list]

мини светло британско знаме

Европските производители на автомобили се загрижени дека со заминувањето на Велика Британија ќе им се расипе билансот на СО2. Во земјата се продаваат повеќе хибридни и електрични автомобили отколку во која било земја во Унијата. Марките што ќе имаат просечна емисија на СО2 повисока од 95 g/km, ќе плаќаат казна од 95 евра за секој грам од стакленичкиот гас што е над лимитот, по продаден автомобил. Топ 10 погодок, поради британскиот хумор.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Mini не губи од шармот ниту на батерии

[/tie_list]

mini classic electric 02

Mini во оригиналното издание го привлече вниманието на њујорчани за време на салонот на автомобили. Погонот, на струја. Во само шест работни денови, моторот од 1,3 литар беше заменет со електромотор со 38 КС. Британците на овој начин го најавија новиот електричен Mini, кој пристига в година, за 60-годишнината.

Размислувањето води во друг правец. Што ќе се случеше ако светската политика му дадеше шанса на електричниот погон многу порано и го оставеше да се развива паралелно со „нафтено зависниот“ погон? Батерии за малечките, бензин за силните.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Daimler и BMW со здружени услуги за мобилност

[/tie_list]

Користењето на сопствениот автомобил во светските метрополи постепено заминува во историјата како лоша навика. Daimler и BMW веќе со години ги нудат услугите за мобилност car2go и DriveNow, кои моментно ги користат повеќе од четири милиони клиенти во 31 градови низ светот. Сегашното интегрирање на двата системи и со возниот парк од дури 20.000 возила, несомнено ќе води кон уште поинтензивно проширување на т.н. carsharing. Кон уште поостра битка со интернет-концерните, исто така. Кога има конкуренција, корисникот профитира.

Повеќе од три милиони луѓе низ светот користат Car2go

Можеби за некоја година и во Скопје ќе може преку апликација да се пронајде најблискиот слободен автомобил, со истата апликација да се отклучи возилото и да се наплати користењето – по минута. По користењето, возилото се остава на најблиското паркиралиште – бесплатно. Некој го опиша системот мошне верно: „Тоа е такси во коешто самиот патник е таксистот.“

[tie_list type=”thumbup”]

  • Lynk станува конкретна понуда и во Европа

[/tie_list]

За оваа марка наскоро ќе слушаме многу почесто. Lynk е марка на кинескиот Geely и користи техника од актуелните модели на Volvo. Идејата е да се постигне колку е можно пониска цена на моделите на Lynk & Co., но преку воведување на нови пристапи во продажбата и користењето, место преку штедење во конструкцијата.

Пример за револуционерниот пристап. Во Амстердам, Барселона, Брисел и Берлин ќе се отворат главните салони. На оваа основа се надоврзуваат 20 мобилни бутици, кои натоварени на стилски препознатливи камиони ќе се движат постојано низ Европа. На тој начин со само 200 вработени ќе се покријат 700 локации по целиот континент. Во меѓувреме е претставен новиот модел Lynk 02, неговото производство ќе се одвива во фабриката на Volvo во белгискиот Гент, испораката стартува во 2020 година.

Паралелно со овие револуционерни потфати, во Македонија повремено ќе наидуваме на платени рекламни кампањи на автомобилските марки на фејсбук – и ќе „лајкаме“. И ќе оставаме коментар „немам коментар“.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Софтверот во BMW бил вчитан по грешка

[/tie_list]

bmw дизел скандал

Користењето трикови, за емисијата на штетни материи да се прикаже дека е во дозволените граници, секако дека заслужува дебел минус. Но, алибито од гигантот од Минхен е епско: „Софтверот што оригинално е наменет за X5 M50d и X6 M50d, по грешка бил вчитан во два модела од сериите 5 и 7, што предизвикало неправилна работа на системот за издувни гасови.“ Генијално!

 

Топ 10 Најголеми утки на автомобилската сцена во изминатава седмица според редакцијата на Automedia

 

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Моќна сирена е најважна опрема на автомобилот

[/tie_list]

сирена автомобил

Звукот на скопските улици е звукот на автомобилските сирени. Секое мирување што е подолго од половина секунда по новоизградените автопатишта низ градот, мора да биде пријавено со пуштање на сирената на автомобилот. Но, не се слушаат обични сирени, туку оние од најсилната сорта, таканаречени двотонски сирени што во светот обично се користат надвор од градовите – во случај на опасност, а не не фрустрираност.

Но, зошто се слушаат само најсилните сирени? Дали возачите на автомобили со послаба сирена немаат право да се „побунат“? И уште ова: Дали возачите проверуваат колку е силна сирената и така решаваат околу изборот на автомобил? Долга приказна излезе на оваа тема.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Реклама за автомобил во берберница

[/tie_list]

Замислете си го сценариото: Спокојно си чекате ред во берберница (или фризерница, по избор) и во купот весници забележувате магазин за автомобили на македонски, кој уште по насловната се препознава дека е „тежок препиш“. Чисто од сеир разлистувате и наидувате на реклама од омилената автомобилска марка, распослана на две страници. Што навистина си помислуваат луѓето во тој случај?

Некогашните ѕвезди-креативци на автомобилските реклами во Македонија уште одамна се префрлија во другите бранши, но се’ уште знаат да кажат дека депласираната реклама се претвора во антиреклама. Купувачот во тој случај може единствено да се праша: „Каде овие ќе ги трошат моите пари, ако купам автомобил од нив?“ Тоа води и до клучното прашање: „Колку од цената на автомобилот што ќе ја платам, оди за реклами по сите разумни и неразумни места?“

Но, Македонецот не е наивен и умее да процени и постапи – избирајќи друга марка. Или друг пазар. Толку е едноставно. Залудно потрошени пари, духот на автомобилската сцена на нула.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Автономното возење е преголем залак за стартап компаниите

[/tie_list]

Развојот на технологијата за автономно возење мора да биде во исклучива надлежност на големите автомобилски компании. Автопилотите на Uber и Tesla однесоа две жртви едноподруго. Во првиот случај, техничарите на ги исклучиле стандардните безбедносни системи на Volvo, поради што возилото не можело самостојно да запре пред жената која ја минувала улицата. Кај Tesla, оваа технологија веќе ја зеде втората жртва. Истрагата покажа дека т.н. автопилот бил вклучен и возачот не ги почитувал предупредувањата.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Воздушни перници кои можеби и не работат во Hyundai и Kia

[/tie_list]

hyundai vozdusni pernici

По четири жртви во Hyundai Sonata во САД, поради неотворање на воздушните перници, националната агенција за безбедност во сообраќајот започна истрага, којашто може да води до сервисен повик за повеќе од 400.000 примероци од Sonata и од останатите модели на Hyundai коишто ги поседуваат истите модули на воздушни перници. Во масовниот сервисен повик може да бидат вклучени и модели на Kia. Околу сериозноста на овој „пропуст“, нема што да се дискутира.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Дизелот не е мртов … ќе се вградува уште долго … супер е …

[/tie_list]

турбо дизел знак

Не е потребно членство во Менса за човек да ги препознае насловите што големите автомобилски концерни повремено им ги дошепнуваат на гласилата со глобално влијание. Неколку производители уште не планираат да се откажат од дизелот и преку класичните канали се обидуваат да ја свртат топката во своја корист. Целта се големите пазари коишто се релевантни за развојот и трендовите во браншата, цел е политиката.

Комично е кога овие пораки несвесно и наивно се „пренесуваат“ со оригиналниот тон пред македонската публика. Дали тоа е со цел да се заштитат големите фабрики за автомобили во земјава и пазарот од 5.000 нови патнички автомобили годишно? Нашиот пазар ќе решава дали дизелот ќе преживее или не?

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Cadillac ќе го освојува европскиот пазар

[/tie_list]

Cadillac-Escalade

Cadillac има разработено план до 2035 година, дел од тој план е поголемо присуство на престижната марка на General Motors на европскиот пазар. Гигантот од Детроит прави обид да го прикаже Cadillac како нов Opel за возачите во Европа. Ќе беше чудно, да не беше смешно.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Автобранителски профили по социјалните мрежи

[/tie_list]

Имате забележано дека постојат лажни профили кои будно ги следат објавите на социјалните мрежи, и при секој реален, а ним негативен коментар, реагираат со беспоштедна одбрана на „својата“ марка? Би прашале: Кому би можело да му припаѓаат тие профили и дали истите се користат и за пуштање негативни коментари кај „туѓите“ марки?

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Глетката на 350.000 оставени дизели на Volkswagen

[/tie_list]

фолксваген пустина

Жално е кога ќе се види што останало по битките меѓу автомобилските производители и политиката. На џиновски плацеви низ САД се распослани 350.000 автомобили коишто Volkswagen мораше да ги откупи од сопствениците, по дизел-скандалот. Возилата се одржуваат редовно, се размислува околу преправки и нивна продажба на останатите големи пазари, меѓу другото и Европа. А, да ги увеземе сите во Македонија?

[tie_list type=”thumbdown”]

  • СУВ-Девалвација на коњските сили

[/tie_list]

Maserati Levante Trofeo 7

На салонот во Њујорк не се знаеше кој ќе се појави со СУВ што ќе биде посилен од конкуренцијата. Прво, Британците се гордеат на 550-те КС на Jaguar F-Pace SVR, а потоа се појавува Maserati Levante Trofeo, со мотор од Ferrari со 590 КС. Уште колку ќе трае ова одмерување на силите? Тоа што на производителите им е многу лесно да го одвртат „турбо-вентилот“, не значи дека навиката може да се провлекува до недоглед.

Какви новитети ни донесе салонот во Њујорк

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Може еден тјунинг за Mercedes X-Class?

[/tie_list]

mercedes x-class tuning

Полската тјунерска работилница Carlex реагираше порано од сите и понуди стилски кит за пикапот на Mercedes. Потенцијалот за привлекување погледи е енормен, ова дефинитивно ќе биде во центарот на вниманието каде и да се појави. Тјуниран Mercedes X-Class е следниот голем хит по улиците. Тоа се бараше, зар не?

Топ 10 погодоци и утки на нeделата: Рели-панда и 14-те милијарди на Volkswagen

Топ 10 погодоци и утки на салонот во Женева

Топ 10 најпродавани автомобилски марки во светот

Топ 10 Најпродавани електрични автомобили во Европа

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Топ 10 Најголеми легенди во британската туристичка класа

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

179
39 shares, 179 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743