за ,

Топ 10 погодоци и утки на неделата: Pininfarina е марка и Гугл Транслејт најчитан автор

топ 10 погодоци и утки

Во редакцијата на Automedia ги избравме дваесетте теми околу коишто најчесто се водеше дебата во изминатава недела. На автомобилската сцена и натаму е мошне раздвижено, случувањата не се сведуваат само на претставување нови генерации модели.

Почнуваат да се наѕираат неколку трендови. Транспортниот сектор би можел да даде нов и силен поттик на електромобилноста. Volvo в година започнува со испорака на својот електричен камион, а во меѓувреме се јавуваат и големите компании, како Икеа или Нестле, кои од производителите бараат почисти и поштедливи камиони. Тоа е добро за животната средина, но е добро и за профитабилноста на компаниите што ни го сочинуваат секојдневието.

Повторно имаме многу материјал за дебата, коментарите се ваши.

Топ 10 Најголеми погодоци на автомобилската сцена во изминатата недела

[tie_list type=”thumbup”]

  • Pininfarina станува марка електрични автомобили

[/tie_list]

Pininfarina H2

Кога на автомобилската сцена не се зборува само за „најновиот џип“ на Volkswagen или за водородниот Hyundai, тоа е добар знак дека нешто добро се случува. Pininfarina пред две години прејде во сопственост на индиската Mahindra. Таму е капиталот, Jaguar Land Rover исто така се финансира оттаму. Нема спор околу тоа. Името на дизајнерската легенда отсега ќе стои и како автомобилска марка. Pininfarina Automobili ќе произведува електрични автомобили од врвните сегменти. Прототип на идниот суперспортски автомобил ќе се прикаже летово на Пебл Бич, а потоа следува серија од сто примероци, во чест на 90-годишнината на Pininfarina. Има најава и за СУВ.

Малечки и фини автомобилски марки никнуваат на десетици годишно. Тие го одржуваат автомобилскиот култ во баланс, наспроти големосериските производители коишто продаваат еден ист производ во различни пакувања. Затоа ги обожуваме.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Улични средби од автомобилски вид

[/tie_list]

mercedes ulica

Пријатно изненадување е кога шетајќи по улица ќе се наиде на „автомобилска скулптура“ што верно го пренесува духот на некои други времиња – во коишто не сме ни живееле. Во некои други времиња, но во иднината, би било добро да се појави иницијатива, на ниво на финансиери од бизнис сферата, којашто ќе се погрижи да им обезбеди уште неколку децении живот на овие непроценливо вредни парчиња историја – не само на автомобилизмот. Секако дека сме иронични.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Fiat Chrysler одликуван за подршката на жените претприемачи во САД

[/tie_list]

fca slika

Не сме сосема сигурни како оваа информација се најде во нашиот неделен избор, но фотографијава едноставно зрачи со неодолива позитивна енергија. На сликата (од лево на десно): Памела Принс-Истон, претседателка и ЦЕО на ВБЕНЦ, и Сиг Хубер, директор за набавки во ФЦА УС ЛЛЦ; втората госпоѓа не ја познаваме.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Автомобилите излегоа од салоните

[/tie_list]

Еуроимпекс и МОБ во соработка за 46-те Мајски Оперски Вечери

Место да ги гледаме како висат по билборди или да им ги броиме лајковите по социјалните мрежи, автомобилските марки ги изнесоа своите модели од салоните и ги пуштаат меѓу народот. Таму им е местото на автомобилите, по улица, на улица, меѓу луѓе. Зборуваме за новиве автомобили, останатите веќе дваесет години ги гледаме по улиците. Убаво е да се види како изгледа светот денес. Ја забележуваме и новата форма, или поточно, враќањето во форма на Peugeot. Народот некогаш ја доживуваше оваа марка речиси како „домашна“.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Времето кога Audi беше марка на Daimler

[/tie_list]

Audi pod Daimler 60god5

Daimler убаво нé потсети на периодот пред 60 години, кога Audi, како дел од Auto Union, стана посестринска марка на Mercedes. Тоа беше убав гест од одделението за печат на Daimler. Од Audi, веројатно, нема да останат долго време без одговор.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Volvo го испорача својот прв електричен камион

[/tie_list]

volvo trucks fl electric

Volvo в година ќе започне со производство и испорака на електричен камион за достава со ознака FL Electric. Првите две возила веќе се испорачани во шведската компанија за менаџирање со отпад Renova и во една шпедиција во Гетеборг. Досегот изнесува до 300 километри, енергијата пристига од шест батерии со капацитет од по 50 kWh. Полнењето на една батерија на брз полнач трае два часа, додека со сопствениот полнач во возилото се потребни 10 часови.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Изработен последниот примерок од Koenigsegg Agera RS

[/tie_list]

koenigsegg regera rs

Последниот од 25-те примероци од Koenigsegg Agera RS ја напушти работилницата во Шведска. Тој не се пензионира и не заминува во историјата, туку само го отвора следното поглавје. Кога се појави во 2011 година, Agera имаше 940 КС, што беше за 140 КС повеќе од претходникот CCX. Следеа Agera S со 1.044 КС, Agera R со 1.140 КС, а на крај и Agera RS, со петлитарски V8 со 1.160 КС, односно 1.360 КС при користење Е85. Лани во октомври, RS постави рекорд во новата дисциплина за суперспортските автомобили, 0-400-0 km/h. Уште неколку рекорди беа соборени во еден потег.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Carsharing“ е најдобар промотор на електричниот погон

[/tie_list]

180410_white-paper-e-mobility

Системот за краткотрајно изнајмување автомобил или тоа што поелегантно се нарекува „carsharing“ придонесувал најмногу за промоцијата на електричните возила. Тоа го кажуваат од car2go, најголем оператор во оваа сфера, со преку три милиони корисници. Тоа е сосема точно, затоа што повеќето корисници го остваруваат првиот контакт со погонот на струја токму со возилата на car2go и на новиот партнер DriveNow.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Работниците во Skoda добија 12% покачување

[/tie_list]

skoda auto

Будејќи уредно ја започнавме темата, да информираме дека 25.000 работници во Skoda од 1-ви април добиваат плата зголемена за 12 проценти. Дополнително им е исплатен и еднократен бонус од 2.600 евра. Просечната плата кај чешкиот производител на автомобили, лани изнесувала околу 1.700 евра. Ова е пример, како сите треба да учествуваат подеднакво во успехот на компанијата.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Volkswagen презеде технички директор на Tesla

[/tie_list]

Рекордно тримесечје за Tesla: Загуба од половина милијарда долари

Обично, експерти од големите производители на автомобили преоѓаат кај Tesla & Co. Сега имаме случај за трансфер во спротивната насока. Метју Рена, директор за производство на Model S и Model X, отсега работи во американскиот огранок на Volkswagen. Тој ќе раководи со развојот на платформата MEB, модуларната платформа за Volkswagen I.D. за 2020 година, како и за уште неколку модели од концернот со погон на струја.

Топ 10 Најголеми утки на автомобилската сцена во изминатата недела

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Automedia објавува фрустрирачки текстови

[/tie_list]

frustriraki tekstovi am

Читател ни се пожали дека нашите текстови се фрустрирачки и се „како да ги пишувал некој што вози Мерцедес 123.“ Се извинуваме за тоа што помисливме дека луѓето се идентификуваат со име и презиме, место со тоа што го возат. Убедени сме дека не станува збор за изолиран случај, па тука ќе се коригираме со еден 123% нефрустрирачки текст со универзална приспособливост:

Моделот ООО од марката УУУ штотуку пристигна. Фасцинантиот дизајн крие најнапредна погонска техника што досега е применета во автомобилската индустрија. Возилото постигнува импресивна моќност од ИИИ коњски сили. ООО е толку успешен на пазарот, што уште непојавен се продаде во повеќе примероци, отколку што на некои модели им успеа за повеќе години. УУУ го разви ООО специјално за македонскиот пазар. Можете да го набавите веднаш по спектакуларна цена од ЕЕЕ евра. Доколку веднаш се јавите, ќе Ви дадеме попуст од ААА проценти, директно од нас, затоа што ние сме многу повеќе од медиум, ние сме продолжена рака на продажните салони.

* Упатство за користење: ООО, УУУ, ИИИ, ЕЕЕ и ААА треба да се заменат соодветно за пригодата

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Новитетите во Focus, Golf, Astra, Megane…

[/tie_list]

Ford focus iv

Да погодиме кои новитети ќе ни ги донесат следните генерации на најпродаваните модели? Средишен дисплеј со дијагонала од најмалку 10 инчи, поврзување со паметен телефон, системи за асистенција што го информираат возачот дека се стемнило или дека тоа што го гледа напред е свијок, диодни светла во форма на Ж, мотор со половина цилиндар … Сето тоа, производителот го смета за најнапреден модел во историјата на марката. Да се присетиме на првата генерација на Focus? Наследникот на легендарниот Escort, во својата историја сигурно имаше провоцирано возбуда што беше поголема отколку при разгледување телевизори во продавница за потрошувачка електроника. Истото следи и кај конкурентските модели. Уште толку побанално ќе биде кај СУВ-изведбите.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Гугл Транслејт е најчитаниот автор во автомобилизмот во Македонија

[/tie_list]

smesen prevod

Честито, Гугл Транслејт! Публиката со нетрпение ги очекува твоите следни преводи, без разлика што три дена претходно сите ќе ги имаат прочитано оригиналните текстови и ќе ги имаат разбрано подобро отколку твојот превод. Од друга страна, мора да се наоѓаат решенија во овие времиња кога редакција на македонски магазин за автомобили брои еден член (со исклучок на Auto Plus).

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Jaguar Land Rover отпушта работници поради намалениот пазарен интерес за дизели

[/tie_list]

Land Rover Discovery Sport  влече вагони тешки над 100 тони

Jaguar Land Rover отпушта 1.000 работници и ќе ја намали продукцијата во две фабрики во Британија, поради неизвесноста околу Брегзит и поради намалениот интерес за возила со дизел мотор, откако повеќе големи пазари најавија забрани. Одвај пет проценти од продажбата на Land Rover отпаѓаат на бензинци. Хибридна изведба постои само во гамата на Range Rover и Range Rover Sport. Кај Јaguar постои „батериска“ опција, со I-Pace, чијашто продажба стартува во октомври по цена од околу 80.000 евра. Чудна е инертноста на Jaguar Land Rover, особено пред стапувањето во сила на строгите ограничувања за СО2.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Автомобилите водат убав живот во македонските градови

[/tie_list]

Simply Aston Martin 2018

Човек да им завидува на нашиве автомобили. Тие ни се паркираат на тротоарите, ја зафаќаат сета површина околу зградите и комерцијалните центри, речиси не постои простор во Скопје, кадешто во моментот не вози или не мирува некој автомобил. Најголемиот автомобилски новинар во Македонија, Томислав Биљарац, уште пред дваесет години има предвидено: „Проблем за градот ќе биде кога сите автомобили ќе запрат во исто време“. Нашите автомобили можат да загадуваат и да брмчат колку што им е потребно и кога ќе им затреба, тие навистина водат многу поквалитетен живот отколку луѓето. Ние постоиме единствено заради автомобилите, како нивни послужници. Може да се „продаваме“ како туристичка дестинација, во којашто автомобилите ги победиле луѓето.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Комбилимузините со три врати заминуваат во историјата

[/tie_list]

peugeot 205 gti

Со години наназад опаѓа пазарниот интерес за нив. Сега уште еднa моделска изведба со три врати заминува од производствените ленти, Peugeot 208, наследникот на лозата што започна уште со Peugeot 205. Досега заминаа Golf со три врати, Audi A3, Kia Pro_Cee’d, а од крајот на годинава ќе им се придружи и Seat Leon SC. Во „градската“ класа се случи уште поголема чистка. Polo, Ibiza, Clio, C3, Rio, не постојат во верзија со три врати. Единствено Ford продолжи да ја произведува новата Fiesta во верзија со три врати, доследно на традицијата. Многумина кажуваа на шега: Двете врати беа единственото заедничко со Ferrari & Co. Настрана од тоа, овие автомобили навистина имаа нешто посебно.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Кога моќни институции нé лажат во очи

[/tie_list]

lazenje zdruzenie proizvoditeli

Сите се имаме најдено во ситуација да нé „лажат во очи“. Ја знаеме вистината, но уживаме додека ја дослушаме лагата. Здружението на европски производители на автомобили води јасна политика против електричните автомобили. Кога тоа се има на ум, забавно е да се прочитаат цитатите во неодамна објавеното соопштение за печат:

  • Здружението смета дека мора да се инвестира повеќе во полначи за струја“ (предизвикува колебање кај потенцијалните купувачи на електричен автомобил, а во Европа има повеќе од 120.000 полначи за струја);
  • …електрични и останати возила со алтернативен погон“ (електричниот погон повеќе не е алтернативен)
  • … иако продажбата на возила што се полнат електрично (?) се зголеми, паралелно со растот во вкупната продажба во изминативе години, нивното пазарно учество е ниско (никој не купува електрични автомобили, тоа е само мода што ќе заврши каде и да е)
  • Купувачите што бараат алтернатива за дизелот честопати се решаваат за бензински или хибридни автомобили, но уште не се префрлуваат масовно на автомобили што се полнат електрично“ (евентуално можете да купите хибрид, затоа што во нив можеме да продолжиме да ги вградуваме моторите кои веќе одамна се имаат исплатено неколкукратно; вторпат се користи поимот автомобили што се полнат електрично)
  • За да ја прикаже пазарната реалност, Здружението ветува дека долгорочните климатски цели на Европа би требало да се поврзат со расположливоста на идната инфрастуктура и со прифаќањето од страна на купувачите.“ (ние ви кажуваме дека електричните автомобили се поодбри, но ете вие не сакате да ги купувате)

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Германија може да ќарува од стари автомобили, но ние не можеме

[/tie_list]

star avtomobil

Царинска контрола во минатиот месец запрела српски камион по автопатот А 94 кон германскиот град Алтетинг. Под церадата се наоѓал беспрекорно реставриран Volkswagen „самба бус“ од 1964 година. Сопственикот имал намера да го продаде историското возило на салонот за олдтајмери во Есен, но ја немал регулирано царината. Против возачот е покрената казнена постапка поради притајување данок. Србинот одбил да плати кауција од 20.000 евра, поради што Царината го запленила возилото. Судската постапка е во тек. Лани имаше ист случај, кога Босанец на истиот начин сакаше да внесе стара Буба во државата.

Тоа што нас не интересира во целиот овој случај. Стотици илјади автомобили пред десетина години требаше да отидат под преса и да бидат претопени во старо железо, откако на сопствениците им беа исплатени субвенции во висина од 2.500 евра. Но, автомобилите беа изнесени надвор од ЕУ и дистрибуирани во регионот на Источна Европа. Унијата изврши криминал, затоа што дозволи автомобилите да се вратат на пазарот и „некој“ да заработува од нивната продажба, иако постои закон што забранува стока со нулта вредност да се пушта во продажба.

Тоа доведе повеќе од 50.000 автомобили во Македонија пред десетина години да се возат со бугарски регистерски таблички – автомобили со нулта квалитет на издувни гасови и во лоша техничка состојба. Следеше спуштање на сите рампи, односно на сите еколошки и технички критериуми за увоз на користени возила.

Денешната слика:

  • Аерозагаденост на којашто никој не и ја знае реалната вредност
  • Метеж и неподнослива бучава по улиците
  • Стотици загинати во сообраќајот секоја година
  • Улици што не се доправаат и зацрнети фасади
  • Окупирани урбани површини од паркирани автомобили
  • Сопственици на сочувани и „матични“ користени возила, кои не помислуваат да ги продадат истите и да набават нови, затоа што е девалвирана и вредноста на нивните автомобили.

Целиот синџир е заплеткан, а во тој случај помага само негово кинење.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Сообраќајот „брише“ по еден мал град годишно

[/tie_list]

soobrakaj izbrisan grad

Со просек од 49 жртви на еден милион жители, европските улици и натаму се најбезедни во светот. Лани во сообраќајот по патиштата во ЕУ загинале 300 лица помалку отколку во 2016 година, односно 6.200 помалку во споредба со 2010 година. Тоа наведува на заклучок дека сообраќајот во Европа е безбеден. Но, поинаку изгледа кога ќе се земе предвид вкупната бројка од 25.300 загинати лига. Тоа значи дека сообраќајот секоја година брише по еден малечок град од Европа.

Во врска со европскиот просек од 49 жртви на милион жители: Според податоците од МВР, лани во сообраќајот во Македонија загинале 155 лица. Кога тоа ќе се сведе на милион жители, нашиот сообраќај е за 60% повеќе кобен отколку во ЕУ. Рекордот го имаме во 2013 година, со 198 жртви.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Трамп со строги еколошки норми против увозните автомобили

[/tie_list]

калифорнија норми потрошувачка гориво

Трамп уште наоѓа соодветен модел со којшто ќе спречи европските автомобили да се продаваат во САД. Строгите закони за емисија на штетни материи кои ги донесе Обама, повеќе не важат. Тоа му даде на Трамп нова идеја, како да им наштети на европските производители: Воведување потроги еколошки норми кои ќе важат само за узвозните автомобили. Има само еден мал проблем: Audi, BMW и Mercedes располагаат со големи фабрики во САД.

Топ 10 погодоци и утки на неделата: Автобуси на метан и Cadillac место Opel

Топ 10 погодоци и утки на нeделата: Рели-панда и 14-те милијарди на Volkswagen

Топ 10 погодоци и утки на салонот во Женева

Топ 10 најпродавани автомобилски марки во светот

Топ 10 автомобилски трендови во 2018 година

Топ 10 Најпродавани електрични автомобили во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

автопат во Кина

Видео: Како да предизвикаш катастрофа на пат во Кина – и да се надеваш на „добро“

наплата автомобилски даноци

ЕУ наплатила 413 милијарди евра автомобилски даноци