183
37 shares, 183 points

Во редакцијата на Automedia се избираат настаните што оставиле најсилни впечатоци во минатата недела. Некои вести и настани предизвикале најмногу одушевување, други навеле на негативна реакција. Тоа се нашите Топ 10 погодоци и утки на неделата.

Топ 10 погодоци на автомобилската сцена во минатата недела според редакцијата на Automedia

[tie_list type=”thumbup”]

  • Електричните автомобили повеќе не се „иднина“

[/tie_list]

Електричните автомобили лани за првпат се продадоа во повеќе од еден милион примероци на светскиот пазар. Поточно во 1,2 милион примероци, вклучувајќи ги плагин-хибридите, покрај „батериските“ електрични автомобили. Една четвртина отпаѓа на Европа, половина на Кина. По надминувањето на звучната граница, електричните автомобили повеќе не треба да се сметаат како иднина, туку како реалност, како дополнителна опција при изборот на автомобил. Во Норвешка, Кина, Швајцарија, Шведска, Холандија, САД, возилата на струја веќе постигнуваат пристојно пазарно учество во вкупната продажба на возила.

За автомобилите на струја да достигнат барем еден процент учество во продажбата на македонскиот пазар, доволни се 50 возила. Еден тендер. Продажбата на електрични автомобили надмина милион примероци

[tie_list type=”thumbup”]

  • Воздухот е загаден само доколку стане закана за бизнисот

[/tie_list]

загадениот воздух во бангкокБангкок во последните недели е меѓу градовите со најголема аерозагаденост во светот. Излегувањето на улица без заштитна маска е ризичен потфат. Но, лошиот воздух немаше да претставува проблем, доколку властите не увидоа опасност да ги изгубат 20-те милиони туристи што пристигаат секоја година. Случајот со шестмилионската тајландска престолнина, всушност е одличен пример за спрегата меѓу политиката, бизнисот и заштитата на животната средина. Доколку воздухот е лош, не пречи. Но, доколку лошиот воздух се заканува за бизнисот, мора да се реагира. „Топ“ за да знаеме зошто властите не реагираат секогаш кога воздухот е загаден и да знаеме каде да се насочат критиките. Загадениот воздух го загрозува туризмот во Бангкок

[tie_list type=”thumbup”]

  • Малечкиот автомобил со големото рели

[/tie_list]

Fiat Panda Raid 2018Не постои друго градско автомобилче со сопствено рели, и тоа од рангот на Дакар. Panda-Raid се вози веќе една деценија, со примероци на Fiat Panda произведени пред 2003 година. Тоа нé потсеќа на една вредност што автомобилите во локални рамки ја изгубија пред десетина години. Големината на автомобилите не е во должината на каросеријата, туку во способноста да изградат култ. Некогаш во Македонија се возеа малечки и достапни градски автомобили, се купуваа нови и се возеа чисто, беа евтини за одржување. И, тогаш почна да се практикува манирот на швајцарски гастарбајтер. Малечките автомобили треба да се вратат на македонските улици. Малечкиот Fiat што го вози големото рели

[tie_list type=”thumbup”]

  • Олдтајмерите поскапуваат, електричните поевтинуваат

[/tie_list]

Најголемиот салон за олдтајмери во светот, Техно Класика, почнува за неколку денови во германскиот град Есен. Пазарните аналитичари во меѓувреме ги издвоија моделите што најмногу добиле на вредност за период од една година. Некои од нив поскапеле и за повеќе од 60 проценти за само 12 месеци. Трендот продолжува, а паралелно со тоа има нов тренд и кај електричните автомобили. Тие поевтинуваат. „Генерациската“ смена почна.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Електрични автобуси на меѓуградска линија во Франција

[/tie_list]

Најголемата европска компанија за превоз на патници потврди дека од следниот месец стартува првата меѓуградска линија со електрични автобуси во светот, меѓу Париз и Амиен. Автобусите чинат двојно повеќе од дизел варијантата, но оперативните трошоци се неспоредливо пониски, исто како и трошоците за одржување и сервисирање. Електрични автобуси на релација од Париз до Амиен

[tie_list type=”thumbup”]

  • По градски теренци и суперспортски теренци следи урбан тенк

kahn design 6x6 civillian carrierКаросериската работилница на Афзал Кан изложуваше на штотуку завршениот салон во Женева. Kahn Design го претстави својот 6×6 Civilian Carrier, како пародија на тешките теренци со амбициозни машини, коишто служат за паркирање пред кафуле. Овој модифициран Defender не е суперспортски теренец, но затоа е урбан тенк. Ако веќе се претерува, нека се претерува максимално. По урбани теренци и суперспортски теренци доаѓа градски тенк

[tie_list type=”thumbup”]

  • Пет милијарди евра за електрични автомобили

[/tie_list]

За две години, браншата вложила повеќе од две милијарди евра во развој и производство на електрични автомобили. Тука нема потреба од образложување. Производителите вложиле пет милијарди евра во електрични автомобили

[tie_list type=”thumbup”]

  • Безпилотен“ Chevrolet Cruise AV во сериско производство

[/tie_list]

chevrolet cruise avGeneral Motors потврди дека од следната година во две фабрики ќе го започне производството на својот прв сериски автомобил со автономна техологија – без педали, без волан, без мануелни команди. Дали на светот воопшто му требаат вакви возила? Гиганските концерни не грешат. Таксито на иднината нема возач. Така решиле големите компании, тоа мора да ни се „допаѓа“.

[tie_list type=”thumbup”]

  • Електричниот BMW i4 незначително поскап од класичната серија 3

[/tie_list]

bmw i vision dynamics, bmw i4Премиум производителите се покажуваат во некое ново светло, како чесни понудувачи на високонапредна технологија, место скапи наплатувачи на техника што одамна е исплатена и носи огромен профит. Баварците ќе го произведуваат својот трет електричен модел на иста линија со серијата 3. BMW i4 ќе користи релативно конвенционална каросериска конструкција, но затоа ќе понуди електричен погон од врвна класа. Првото со цел цената да биде поблиска до моделите од серијата 3, второто со цел да се постигне предност пред конкуренцијата. Електричниот BMW i4 незначително поскап од обичните модели

[tie_list type=”thumbup”]

  • Индустријата веќе се подготвува за водородот како погонско гориво

[/tie_list]

Додека во медиумскиот простор и натаму се провлекуваат политички подвлечени наслови дека електричните возила се штетни и светот уште не е свесен за опасноста што тие ја носат, најголемите и највлијателни светски компании продолжуваат да се здружуваат за заедничко усовршување и комерцијализација на погонот на водород. Светскиот Совет за водород моментно брои 24 членки: 3M, Air Liquide, Alstom, Anglo American, Audi, BMW GROUP, China Energy, Daimler, ENGIE, General Motors, Great Wall Motor, Honda, Hyundai Motor, Iwatani, JXTG Nippon Oil & Energy Corporation, Kawasaki, Plastic Omnium, Royal Dutch Shell, Statoil, The Bosch Group, The Linde Group, Total, Toyota и Weichai. Тие прават годишен промет од 1,6 трилиони евра и вработуваат 2,5 милиони лица. Помни некој дека историјата спомнува слична коалиција, кога било решено нафтата да го движи светот?

Топ 10 утки на автомобилската сцена во минатата недела според редакцијата на Automedia

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Скопјани за викенд ги носат колите на чист воздух

[/tie_list]

Колку на жителите на македонската престолнина им е важна животната средина, најдобро се покажува во деновите од викендот. Колони автомобили се упатуваат кон подрачјето од градот што во работните денови е индустриска зона, а во саботите и неделите се претвора големо градско паркиралиште, со интензивен сообраќај дотаму. Илјадници и илјадници автомобили минуваат по едната и единствена улица во правец на Градскиот парк, во единствената мисија во глобални рамки – автомобилите да се паркираат колку е можно поблиску до зеленилото и да се остават да дишат.

Тоа што сме убедени дека воздухот престанува да биде отровен веднаш штом ќе ја отвориме вратата од автомобилот, претставува предмет за стручна процена исто колку и пивската идеја да се забрани сообраќајот на Водно за време на викендите. Но, ако може автомобилите да се заробуваат во градот, затоа што воздухот во него е екстремно загаден, што е чудно ако автомобилите се однесат на чист воздух?

Во времињата пред невремињата, скопјани помнат како одеа пеш покрај бројните дрвореди низ градот и исто така пеш пристигаа во Градскиот парк – којшто уште беше парк. Со езерце. Прашање: Колкав е процентот на практикувачи на „прочистувањето“ кои од многу почисти подрачја во градот целно се упатуваат во една од најзагадените и сообраќајно најоптоварени зони? Фотографија не објавуваме, поради вулгарноста.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Теренците поспортски од спортските автомобили во Женева

[/tie_list]

lambo urus теренски автомобили во женеваШто е брзо 305 километри на час и забрзува до сто за 3,6 секунди? Лесно, тоа е Ferrari, Lamborghini, Aston Martin, можеби некој AMG. А, што е истото тоа, но високо 1,7 метар и тешко 2,5 тони? Тоа веќе може да биде проблем, доколку се имаат преспиено последниве години во автомобилскиот развој. Решението на загатката е Lamborghini Urus. Може и AMG G 63 или Bentayga.

Овие екстремни перформанси се одвај корисни, кога тркачкиот теренец ќе се најде во неговата вообичаена средина, додека провокативно бавно парадира среде собиралиште за елитно пиење кафе. Но, да не се лажеме дека овие бесмислени креации под најневеројатните марки се возат во најевропската Европа и од нејевропејските Европејци. Теренците поспортски од спортските автомобили во Женева

[tie_list type=”thumbdown”]

  • За аерозагаденоста, бесмислено

[/tie_list]

Нови теории и тези околу аерозагаденоста во Македонија излегуваат секојдневно. Тоа не води кон друго, освен кон единственото можно прашање: Во што сé сме си дозволувале да поверуваме во времето без гугл, ве-ве-ве, википедија, па и електронска пошта, а особено социјални мрежи? Кусо: Двојно повеќе дизел возила, отсуство на филтер за ситни честички во истите, дополнително создавање честички од гумите и од сопирачките облоги, лажно пријавувани вредности на емисијата на азотни оксиди, грди згради место големи дрвја, асфалтни ниви среде град, место природна и негувана тревна површина што беше еден од белезите на градот. Селективни забрани за сообраќај, поскапа регистрација за возила со низок квалитет на издувни гасови и поевтина регистрација за другите, категоризација над Еуро-нормите. Дебатата е завршена, бараме реализација. Во зимо и во лето.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Range Rover побрз од Ferrari

[/tie_list]

Без некој да го повика како надлежен, Land Rover објави дека нивниот Range Rover Sport SVR го извозел планинскиот превој Тјанмен во Кина побрзо од Ferrari. Тоа е пример, кога мора да се следи мудроста: За сé треба да има граница.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Инголштат требало да биде само дополнителна фабрика за „бубата“?

[/tie_list]

Audi 100 C1Првиот Audi 100 е легенда, појавен за првпат пред точно половина деценија. Автомобилот е безгрешен, но не и плановите на Volkswagen, кој неколку години претходно го купува Auto Union од Daimler. Нивната намера е фабриката во Инголштат да ја користат како дополнителен производствен капацитет за „бубата“. На инженерите на Audi им е забрането да развиваат нови модели, доволно им е да ги усовршуваат старите. Но, еден човек во Auto Union има друга визија и го развива Audi 100 до сериска зрелост, без знаење на Волфсбург. Застрашувачка е помислата дека сиот експертски потенцијал во „Audi“ можело да заврши во вода. Audi 100 почна да вози пред половина век

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Финансиските директори први ја напуштаат Tesla

[/tie_list]

Со Тesla станува исто како со некогашните холивудски блокбастери. Го гледаш новото продолжение, иако знаеш дека ќе биде уште полошо од претходното, а се надеваш и последно. Финансиската директорка си замина, главниот книговодител уште пред неа. Другиот раководен кадар, долго пред сите. Циркуското и астрономски скапо лансирање на Tesla Roadster во вселената уште е свежо во сеќавањата. Тоа што наслови од типот на „Tesla е најдобра“ и натаму ќе се преведуваат на слепо, не менува многу. Финансиските директори си заминуваат од Tesla

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Српски падежи во македонски објави

[/tie_list]

Публиката е совршено свесна за тоа дека најмалку три четвртини од објавите од подрачјето на автомобилизмот по блоговите, порталите, и особено по магазините со насловна како Ауто Билд, но не и содржина како Ауто Билд, се препишани или преведени на македонски јазик, а честопати и стопроцентни копии од соопштенијата за печат од одредени компании.

За оваа практика да не го урива имиџот и реномето на оние што објавуваат сопствени текстови, корисно би било доколку од медиумскиот простор се пречистат српските и хрватските падежи, како и поимите од типот на автомобилство, карван, хечбек … и уште многу други. Од почит кон публиката.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Lamborghini Huracan во 10.000 примероци

[/tie_list]

Лука ди Монтеѕемоло веројатно беше последниот шеф на Ferrari којшто го применуваше правилото на Енцо: Секогаш треба да има еден автомобил помалку од побарувачката на пазарот. Но, времињата се други и конкурентот повеќе не е тој што беше. Lamborghini за само четири години произвел повеќе од 10.000 примероци од Huracan. Тоа што би прашал Енцо: Ако секој може да се пофали дека поседува Ferrari, која е тогаш поентата човек да се пофали дека поседува Ferrari?

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Volkswagen навистина премногу се ангажира околу електричниот погон

[/tie_list]

Соопштенијата за печат од големите автомобилски концерни обично доаѓаат без упатство за толкување. Volkswagen до 2022 година ќе произведува електрични автомобили во 16 фабрики во цел свет. Толкувањето: Ние долго време му се спротивставувавме на електричниот погон и се надевавме дека нашите дизел мотори ќе ги вградуваме и во 2050 година. Затоа погрешно се стекнува впечаток за сензационалност од тоа што дури сега најавуваме дека ќе го реализираме. Заработката за ланската деловна година: 14 милијарди евра.

[tie_list type=”thumbdown”]

  • Ниту Maybach или Pullman денес не значат повеќе од Mercedes

[/tie_list]

Toa е последицата кога матичната марка ќе стане повредна од највредното историско наследство на компанијата. Никој повеќе не реагира на Pullman или Maybach, освен можеби во регионите кадешто имиџот останува цементиран трајно. Овие две големи имиња се можеби единственото што Mercedes не успеал да го врати на првобитното ниво. А, како би било со една ретро-верзија на Mercedes 600, по пример на генерациската смена кај G-Class? Инаку, Daimler штотуку изврши моделско освежување на Mercedes-Maybach Pullman.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

183
37 shares, 183 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743