за

Топ 10 Најскапи автомобили на наддавањето во Калифорнија

Ferrari 250 GTO на наддавањето во Монтереј

На наддавањето за најскапите и најретки олдтајмери во Монтереј се пишуваше историја, со рекордните 48,4 милиони долари за Ferrari 250 GTO со каросерија од Scaglietti. Но, на калифорнискиот брег се продадоа уште многу други автомобили што вредат милиони

Ако работите се гледаат трезвено, Синиот Маурициус е само поштенска марка од поранешната британска колонија, Мона Лиза е само слика од 16-от век, а Ferrari 250 GTO SI Coupe е само автомобил што е стар 56 години. Но, фановите и познавачите гледаат поинаку. Сината поштенска марка со ликот на Кралицата Викторија е највредното нешто за филателистите, маестралното дело на Леонардо да Винчи е од непроценлива вредност, а спомнатиот модел на Ferrari од минатиов викенд е најскапиот автомобил што сменил сопственик на јавно наддавање.

Bordeaux Cover.jpg
By Original uploader was Fconaway at en.wikipedia – Transferred from en.wikipedia, Public Domain, Link

Традиционалниот годишен маратон во наддавање во рамките на автомобилската недела во Монтереј, вообичаено се претвори во двобој во тешка категорија меѓу Сотби и Гудинг. На крај победи Сотби, со инкасирани 158 милиони долари, додека Гудинг дојде до нешто повеќе од 116 милиони долари. Шесте аукциски куќи што учествуваа на наддавањето остварија промет од 367,5 милиони долари или за 50 милиони повеќе од лани.

Од 1.376 автомобили на наддавањето, 841 најдоа нов сопственик, а три автомобили постигнаа над 20 милиони долари

Највисока вредност постигна ултра редок примерок од Ferrari 250 GTO Coupé, кој со 48,4 милиони долари (41,63 мио. евра) стана и најскап автомобил што досега е продаден на јавно наддавање. Поскап е само примерок од истата серија, когошто германскиот претприемач и тркач Кристијан Глезел неодамна му го продал за 70 милиони долари во приватна зделка на подржувачот на Трамп и основач на компанијата Weather Tech, Дејвид Мекнил.

Честа да го изнесе автомобилот на бината му припадна на петкратниот победник на Леман, Дерек Бел. Почетната вредност од 35 милиони долари се менуваше вртоглаво, откако тројца колекционери преку телефон почнаа да накачуваат со милионски суми. По десет минути, Ferrari вредеше 48.405.000 долари.

Duesenberg SSJ првично во сопственост на холивудската легенда Гери Купер е најскап предвоен автомобил

Името на сопственикот направи Duesenberg SSJ од 1935 година да биде втор најскап автомобил на наддавањето. Тој порано бил во сопственост на холивудската ѕвезда Гери Купер. Актерот го купил автомобилот за 5.000 долари, додека останатите купувачи морале да плаќаат трипати поскапо за Duesenberg J. Производителот во тоа време е пред банкрот и изработува само два примерока: Еден за Купер, еден за неговиот колега Клерк Гебл. Автомобилот со 7,0-литарски осумцилиндарец во линија, со механички компресор и 400 КС стана најскап американски и воопшто предвоен автомобил што е продаден на аукција.

Porsche 959 Macam

Мекам, најголемата аукциска куќа во светот, имаше необична понуда: Porsche 959 од 1987 година, со значајно оштетување при судир. Здравите примероци од овој модел обично надминуваат еден милион долари. Овој примерок сепак се продаде за 467.500 долари. Автомобилот со извозени 3.500 милји, лани вредел 1,3 милион долари.

Топ 10 Најскапи автомобили на наддавањето во Монтереј

1-во место: Ferrari 250 GTO SI Coupe од 1962 година, 48 405 000 долари (Sotheby’s)

Ferrari 250 GTO SI Coupeж

2-ро место: Duesenberg SSJ Roadster од 1935 година, 22 000 000 долари (Gooding)

Duesenberg SSJ Roadster

3-то место: Aston Martin DP215 Competition Prototype од 1963 година, 21 455 000 долари (Sotheby’s)

Aston Martin DP215 Competition Prototype

4-то место: Ford GT40 Mk II Coupé од 1966 година, 9 795 000 долари (RM Sotheby’s)

Ford GT40 Mk II Coupé

5-то место: Ferrari 250 GT Tour de France Coupé од 1958 година, 6 600 000 долари (Gooding & Company)

6-то место: Maserati A6GCS/53 Spider од 1955 година, 5 170 000 долари (Gooding & Company)

7-мо место: Ferrari 500 Mondial SII Spider од 1955 година, 5 005 000 долари (Gooding & Company)

8-мо место: Porsche 550A Spider од 1957 година, 4 900 000 долари (RM Sotheby’s)

Porsche 550A Spider

9-то место: Mercedes-Benz AMG CLK GTR Coupé од 1998 година, 4 515 000 долари (RM Sotheby’s)

Mercedes-Benz AMG CLK GTR Coupé

10-то место: Maserati A6G/2000 Zagato Berlinetta од 1956 година, 4 515 000 долари (RM Sotheby’s)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

opel norma wltp

Сите модели на Opel се префрлени на новата норма WLTP

Папа Франциско Skoda

И Папата се вози во Skoda