за

Tinger Track 500: Ова возило ништо не го сопира

Tinger нуди пет возила во едно: Моторна санка, квад, трактор, мочуришно баги, па дури и чамец. Специјалната конструкција на возилото го овозможува сето тоа, заедно со погонот со гасеници.

Возилата со гасеници секогаш го привлекуваат вниманието. Производителот Tinger го нуди амфибискиот модел Track 500 во две верзии. Додека стандардната изведба е отворена и без какви било додатоци изгледа како работна машина, луксузната изведба дополнително располага со платнен покрив, специјални рефлектори на покривот и сајла за влечење. Моторот во обата случаи потекнува од кинескиот Geely, располага со зафатнина од 812 сантиметри кубни во три цилиндри и испорачува 57 КС. Крајната брзина изнесува 35 km/h.

Tinger Track 500 (2)
Рускиот производител месечно изработува по 60 примероци од амфибиското возило и постигнува примерен успех во досегашните осум години постоење

Поважни од крајната брзина се теренските својства на возилото со четири или пет седишта, кое со гасениците од тврда гума совладува буквално секаква пречка на патот. Растојанието од подлогата изнесува 28 сантиметри. Рускиот мултиталент тежок 900 килограми не го сопира ниту вода. Типската ознака 500 се однесува на ширината на гасениците, а освен оваа постои и верзија 380. Потрошувачката на гориво според производителот изнесува осум литри на час.

За пристап во возилото е потребно и малку гимнастика. Челична шипка го олеснува качувањето преку гасениците, по што следува следно искачување преку страничниот ѕид на кабината, па до седиштата. Пред возачот се наоѓа волан од мотоцикл, лево е рачката за вклучување на редукцијата и степенот за рикверц на безстепениот менувач. Додавањето гас се врши кај мотоцикл, исто како и сопирањето. При вртењето на воланот треба да се очекува грубо да блокира левата или десната гасеница. Таква е природата на овој погон.

Tinger подготвува и верзија со шест тркала со дозвола за возење во јавен сообраќај

Tinger е релативно ново руско претпријатие, кое во досегашните осум години постигна пристоен успех со оваа амфибија. Во индистрискиот град Черповиц, меѓу Москва и Ст. Петерсбург, месечно се произведуваат 60 примероци од необичниот квад. Русите произведуваат и соодветни приколки за возилото.

Користењето на Tinger е ограничено, затоа што не поседува хомологација за возење во јавен сообраќај. Затоа руската фирма го подготвува моделот Armor, кој со шест тркала и мотор напред ќе може да се вози неограничено, а се тестира и верзија со осум тркала. Способноста за пловење останува иста како кај моделот со гасении, а крајната брзина е 45 km/h.

Технички податоци Tinger Track 500
  • Должина x Ширина x Висина (m): 3,00 x 1,82 x 1,43
  • Растојание од подлога: 280 mm
  • Мотор: 3-цилиндарски, бензинец, 812 ccm
  • Моќност:  57 КС
  • Крајна брзина: 35 km/h
  • Потрошувачка: 8 l/h
  • Издувна норма: Euro IV
  • Празно возило / носивост: ca. 900 kg / 500 kg
  • Цена: околу 15.000 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Паниката почнува: Германија откри отстапување на емисијата кај повеќе марки

BMW G 310 R: Германски мотоцикл со индиска цена