за ,

Тест на 10 средства за чистење бандажи: Некои се само празно ветување

тест средства чистење бандажи

Десет наменски средства за чистење на бандажите се најдоа на темелно тестирање кај германското здружение за техничка контрола. Некои производи не го исполнуваат тоа што го ветуваат.

Зимските гуми заминуваат на заслужен одмор, но замената со летни гуми не е единствената задача што им преостанува на возачите. Во текот на зимата, на бандажите се нафаќа дебел и тврдокорен слој нечистотија од улиците, како и честички од трошењето на сопирачките и гумите. Специјалните средства за чистење ветуваат беспрекорна чистота и сјај, за само неколку минути и без потреба од макотрпно триење.

Германското здружение за техничка контрола тестираше десет производи од редовна продажба, со цени меѓу 8 и 20 евра. Со неколку исклучоци, кај повеќето од тестираните средства за чистење е доволно по дејствувањето само да се пребрише со сунѓер, за валканите бандажи да го вратат сјајот.

Победник на тестот е Dr. Wack P21S High End благодарение на високата ефикасност

Победата на тестот му припадна на сосем новото средство P21S High End од производителот Dr. Wack (цена во Германија 20,42 €). Ова средство се покажа најделотворно, без притоа да нагризува одредени материјали.

Со голем заостаток, второто место им припаѓа на Sonax Xtreme Plus (19,99 €) и на Alu-Teufel Spezial од производителот Tuga Chemie (12,49 €). Препорака заслужија и Nigrin Evotec (7,59 €), Liqui Moly Special (11,66 €) и Aral Felgenreiniger Intensiv (10,90 €), иако овие средства имаат послаба ефикасност.

Само неколку средства се издвојуваат со квалитетот

Поради тоа што површините не изгледаат толку чисто, условна препорака добија Liquid Elements Dust Cracker (16,99 €), Koch Chemie Reactive Wheel Cleaner (19,85 €) и Meguiar’s Ultimate All Wheel Cleaner (19,99 €).

На последното место се наоѓа Petronas Durance Wheel Shine (10,95 €), кој не се покажа во ниту еден критериум на тестирањето и поради тоа не заслужи препорака.

Со некои средства е доволен само воден млаз, без потреба од посегнување по сунѓер или четка

Со средствата од Dr. Wack, Sonax и Aral се добиваат чисти бандажи само со млаз вода, откако средството ќе дејствува, без потреба од користење сунѓер или четка. Со воден млаз под силен притисок или со сунѓер се постигнува уште поубедлив резултат. Кај средствата со условна препорака е потребно поголемо механичко дејство за нечистотијата да се отстрани од бандажите. Рачната доработка е неопходна.

Важен дел од тестирањето беше и проверката како влијаат средствата врз одредени материјали, кога ќе се остават да дејствуваат подолго време на бандажите, сопирачките, каросерискиот лак или светлата. Кај некои средства може да набабри лакот, да кородира железото или да се појават пукнатини на предните панели на светлата.

Затоа експертите препорачуваат. Бандажите и просторот околу нив треба темелно да се исплакне со многу вода по секое користење на средството за чистење. Само на тој начин може да се избегнат грдите траги доколку средствата се користат неправилно.

Средството за стакло не е толку неважно: Тест на 10 производи

Кои средства за полирање се најдобри за автомобилскиот лак?

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes mb 100 necar 1

Комбе на Mercedes возеше на водород пред 25 години

Mercedes CLA Coupe, Славче Таневски, дизајнер, избор на топ 10 дизајни

Топ 10 Најдобри дизајни на Mercedes во избор на Славче Таневски