182
52 shares, 182 points

Клубот АДАК тестираше 28 актуелни модели на зимски гуми, наменети за возила од компакт и градската класа. Дијапазонот на оцени се движи од многу добро до недоволно. Повторно се докажува дека скапите марки не мора да бидат најдобри

Зимските гуми мораат да обезбедат добро држење на снег, мраз и на влажно, а притоа не треба да ја зголемуваат потрошувачката на гориво. Тоа се двете крајности во коишто треба да се докаже секоја гума што пристига на тест на зимски гуми на германскиот АДАК, најголемиот автоклуб во Европа. Секако дека при тестирањето се оценуваат и останатите важни својства, како што се аквапланингот, стабилноста во возење и издржливоста.

За годинашниов тест на зимски гуми на АДАК се избрани две димензии на гуми: Димензијата 175/65 R14 е наменета за класата на градските автомобили, додека димензијата 205/55 R 16 се користи во автомобилите од компакт класата. Тестираните модели на гуми на Continental и Dunlop се покажаа најдобри меѓу гумите за мини и градските автомобили. Истата двојка се издвојува и кај поголемата димензија на гуми, со тоа што дополнително им се придружува тестираниот модел на зимски гуми на Goodyear.

Кинеските Nankang покажаа големи недостатоци при возење по влажен пат и на снег

Од дванаесетте тестирани гуми за автомобили од класите на Renault Twingo и Ford Fiesta, најслаби резултати покажаа гумите на кинеско-тајванскиот производител Nankang, поради нивните големи слабости на влажен пат и на снег. Поради тоа, АДАК им ја додели оцената недоволно. Според правилата, доколку некоја од тестираните гуми добие оцена добро, доволно или недоволно при единечните тестови на суво, влажно, снег, мраз, потрошувачка на гориво, абење и издржливост при висока брзина, тогаш заклучната оцена за гумата се намалува за едно.

тест на зимски гуми адак

Во посебни продолженија ќе ги објавиме деталните резултати за двете различни димензии на годинешниот тест на зимски гуми на АДАК. Во овој воведен дел ги наведуваме само победниците на тестот

Победници на тестот на гуми со димензија 175/65 R14:

Continental WinterContact TS860

Dunlop Winter Response 2

Меѓу 16-те тестирани зимски гуми со димензија што се користи кај автомобилите од компакт класата, односно Ford Focus, Volkswagen Golf и други, се покажа дека високата цена не е гаранција за добри гуми. Michelin Alpin 5 и Pirelli Cinturato Winter имаат цени на премиум гуми, но во збирот на одделните резултати се пласираат само во средината на конкуренцијата. Последното место во оваа димензија им припаѓа на гумите на Laufenn (втората марка на познатиот Hankook), првенствено поради недоволните перформанси на влажен пат.

Победници на тестот на гуми со димензија 205/55 R16:

Continental WinterContact TS860

Goodyear UltraGrip 9

Dunlop Winter Sport 5

Основното правило: Пред купувањето на зимските гуми, најдобро е секој возач да си го постави прашањето, кои се неговите лични барања кај зимските гуми – дали е поважно гумите да имаат добри својства на снег или мраз, или дали возачот повеќе цени кога гумите издржуваат подолга километража и не предизвикуваат прекумерно зголемување на потрошувачката на гориво. Тестот на АДАК е од голема помош во тој поглед, затоа што ги оценува гумите посебно во секоја категорија. Врз основа на овие оцени, се донесува и завршната оцена за секоја гума на тестот.

Тестови на зимски гуми на АДАК во претходните години:

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Евтините марки подобри од скапите

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 T

Тест на зимски гуми на АДАК: Димензија 215/65 R16 H

Алпскиот“ знак е задолжителен кај зимските гуми

При купувањето зимски гуми, освен на квалитетот, на оделните својства и на цената, потребно е да се внимава на гумата да се наоѓа таканаречениот „алпски“ знак.

Знакот за планина со три врвови и снегулка во средината е задолжителен за сите зимски гуми, коишто се произведени по 1-ви јануари 2018 година. Досегашниот знак M+S повеќе не е меродавен за новите зимски гуми. Законите сепак дозволуваат, произведените гуми со ознака M+S да важат како зимски гуми, во поглед на обврската за користење зимски гуми. Тоа значи дека возачите можат да продолжат со користење на веќе набавените зимски гуми со знак M+S и да ја исполнуваат законската обврска за зимска опрема.

Летните гуми и на суво се послаби од зимските гуми – поради ниските температури

Разликата кај новиот начин на означување е во тоа што со „алпите“ се гарантираат одредени зимски квалитети на гумата. Тоа е случај кај ознаката М+Ѕ, којашто се добива без гумата да биде тестирана во поглед на зимските квалитети. Новата ознака е гаранција дека гумата ги исполнува поставените барања при сопирање на снег.

Законската обврска за зимска опрема започнува на 15-ти ноември и трае до 15-ти март

Во периодот меѓу 15-ти ноември и 15-ти март, возилата мора да поседуваат соодветна зимска опрема. Во спротивно следи парична казна во денарска противвредност на 45 евра и одземање 25 бодови, како и исклучување на возилото од сообраќај. Зимските гуми според нашите закони треба да бидат означени со MS, M+S или M&S, односно со „алпскиот“ знак. Минималната дозволена длабочина на профилот на зимските гуми изнесува 4 милиметри. Истата длабочина важи и за комбинација од летни гуми и синџири за снег. Шест милиметри длабочина на профил кај зимски гуми и четири милиметри кај летни гуми се минимум кај возилата со погон на сите тркала, со важната забелешка дека синџири за снег се задолжителни барем на една оска и кај овие возила.

Следат посебните објави за двете тестирани големини на гуми со целосните резултати.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

182
52 shares, 182 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743