152
21 shares, 152 points

По првиот дел од тестот на зимски гуми на АДАК, со димензијата 205/55 R16 H за модели од компакт и средната класа, следува големината што често се користи во класата на градските автомобили

Експертите за гуми на клубот АДАК тестираа дванаесет модели на зимски гуми со димензија 175/65 R 14 T. Оваа големина е меѓу најзастапените во класата на градските автомобили, вклучувајќи ја и Ford Fiesta, којашто се користеше како тест-возило. Два кандидати на тестот добија иста крајна оцена и го завршија тестирањето со АДАК-препорака „многу добро“.

Голема група од осум зимски гуми со просечни својства добија препорака „добро“, поради слабости што се изразени во помала или поголема мера. Еден модел на зимски гуми го заврши тестирањето со препорака „доволно“, додека друг модел на гума воопшто не заслужи препорака од клубот АДАК.

Двапати „многу добро“, осумпати „добро“, по еднаш „доволно“ и „недоволно“

Брзинскиот индекс T дозволува максимална брзина до 190 километри на час. Сите модели на гуми што учествуваа во тестирањето го поседуваат стандардниот индекс на носивост 82 (до 475 килограми), со исклучок на Nankang, коишто имаат индекс на носивост 86, односно издржуваат оптоварување до 530 килограми.

Останатите модели што фабрички се испорачуваат со оваа димензија на гуми, во зависност и од моторот и нивото на опрема, можете да ги погледнете под За овие модели на автомобили важи димензијата на гуми 175/65 R 14 T.

Двата најдобро пласирани модели на зимски гуми доаѓаат од премиум марки

Со голема изедначеност во својствата во одделните критериуми на тестирањето, без какви било слабости и соодветно одликувани со препораката „многу добро“, посебно се издвојуват следните два модела на гуми (во заграда е крајната оцена):

› Continental WinterContact TS 860 (2,1) и

› Dunlop Winter Response 2 (2,1)

Меѓу двете гуми постојат незначителни разлики во главните критериуми на тестот, поради што двете добија иста крајна оцена 2,1. Единствено во поглед на потрошувачката на гориво, Dunlop се покажаа малку подобри од директниот конкурент од Continental.

Средината им припаѓа на осумте гуми што добија препорака „добро“. Тие не постигнаа повисок пласман поради разновидни слабости. Во оваа група се наоѓаат следните осум модели на зимски гуми (во заграда е крајната оцена):

› Firestone Winterhawk 3 (2,6)

› Nokian WR D4 (2,7)

› Goodyear UltraGrip 9 (2,8)

› Debica Frigo 2 (2,9)

› ESA+Tecar Super Grip 9 (2,9)

› Sava Eskimo S3+ (2,9)

› Vredestein Snowtrac (2,9)

› Pirelli Cinturato Winter (3,1)

тест на зимски гуми АДАК 205-55-16 табела
Првиот дел од тестот на зимски гуми, со димензија 205/55 R16 H

Редоследот на осумте гуми во оваа група е според крајната оцена (во загради), почнувајќи од подобрите кон послабите. Доколку два модела на гуми имаат иста крајна оцена, тогаш редоследот е според абецедата.

Покрај малите отстапувања во важните критериуми при возење по сув пат, повеќето од гумите во оваа група покажаа слабости на влажно и на снег, поради што препораката им е намалена за едно, на „добро“.

Firestone за малку ја пропушта препораката „многу добро“, поради неколкуте пропусти при возење по влажен пат. Гумите на Debica, Sava и Vredestein покажаа поголеми слабости во овој важен критериум и добија соодветно послаба крајна оцена. Тестираните модели на зимски гуми на Nokian, Goodyear и Esa+Tecar имаат послаби својства на снег зад конкурентите што добија оцена „многу добро“ и поради тоа им беше намалена оцената. Единствено Pirelli не заслужи подобра препорака од АДАК, затоа што покажа значајни слабости при возење по сува подлога.

Доволно“ поради слаби својства на сува подлога, „недоволно“ поради значајни слабости на влажно и на снег

Изразените слабости на сува подлога им ја донесоа само препораката „доволно“ на Semperit Master-Grip 2. Наспроти тоа, гумите Nankang Snow SV-3 постигнуваат уште помалку на влажно и се уште послаби на снег. Поради тоа, овие гуми не заслужија подобра оцена од „недоволно“.

Зошто недостигаат некои марки или модели:

Гумите од марките Michelin и Hankook не учествуваа во тестирањето од различни причини. Во случајот на Michelin, во времето на набавката на гумите за тестирањето во слободната трговска мрежа уште не било потврдено дали Michelin Alpin 4 ќе остане во попнудата или ќе добие замена. Клубот АДАК не може да си дозволи да тестира гуми што ќе бидат недостапни на пазарот во моментот на објавување на резултатите од тестирањето. Смешата на Hankook i*cept RS2 е сменета. При набавката, овие гуми на Hankook биле недостапни во слободната трговска мрежа.

Препораки на АДАК

Добрите гуми се одликуваат со изедначени својства во сите критериуми. Но, постојат некои гуми што посебни се истакнуваат во одделни подрачја, коишто може да бидат пресудни за изборот кај возачите на кои тие подрачја им значат најмногу.

Доколку најмногу цените…

добра изедначеност во својствата, треба да се изберат Continental WinterContact TS 860 или Dunlop Winter Response 2

ниска потрошувачка на гориво, а во исто време и добра изедначеност во својствата, може да се изберат Dunlop Winter Response 2.

особено добри возни својства на сув пат, а подготвени сте да прифатите помали слабости на влажен пат, препораката паѓа Firestone Winterhawk 3.

поголема отпорност на абење, а притоа не Ви пречат малите слабости на снег, можете да ги земете Goodyear UltraGrip 9 во потесен избор.

За овие модели на автомобили важи димензијата на гуми 175/65 R14 T

Тестираната димензија често се вградува во актуелните модели од градската класа. Следните модели на автомобили и уште голем број други модели, во зависност од моторот и опремата, ја поседуваат тестираната димензија на гуми 175/65 R14 T. Зависно од моторот и начинот на возење, гумите може да поседуваат друг брзински индекс. Возачот не смее да ја пречекорува оваа крајна брзина.

Citroen C2
Ford Fiesta
Kia Picanto
Lancia Ypsilon
Mazda 2
Mitsubishi Colt
Peugeot 206
Renault Thalia, Twingo
Seat Mii
Skoda Citigo
Volkswagen up!

За кои други димензии на гуми важат резулатите од тестот?

Со одредени ограничувања, резулатите од тестот важат и за „соседните“ димензии на гуми во рамките на истата класа на возило. Тоа важи за отстапување од +10 / -10 милиметри во ширината на гумата. Во случај со тестираната димензија 175/65 R 14 T, резултатите важат и за истите модели на гуми со димензија 165/65 R 14 T, односно 185/65 R 14 T.

тест на зимски гуми на АДАК 175-65-14

Резултати од ланскиот тест на зимски гуми на АДАК:

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Евтините марки подобри од скапите

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 T

Тест на зимски гуми на АДАК: Димензија 215/65 R16 H


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
21 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743