за

Унгарската тест-патека ќе ги привлекува автомобилските производители

тест-патека унгарија

Новата тест-патека во западниот дел на Унгарија може да стане магнет за нови инвестиции во автомобилскиот сектор во земјата. Премиерот Виктор Орбан ја нарече патеката за тестирање вредна близу 13 милиони евра „Силиконска Долина на унгарската автомобилска индустрија“.

Производителите на автомобили и нивните добавувачи учествуваат со 25 милијарди годишно во економијата во земјата, што е близу една третина од вкупното производство. Лани Унгарија одобри 36 нови инвестиции во автомобилскиот сектор, кои ќе отворат уште 6.700 работни места.

Во фабриките на Mercedes, Suzuki, Opel и Audi, како и во преку 700-те погони на добавувачите работат близу 160.000 лица. Mercedes инвестираше 580 милиони евра во проширување на производствениот капацитет во Унгарија и дополнителна милијарда евра во изградбата на втората фабрика.

Фабрика за батерии, фабрика за компоненти од карбон, тестирање роботски и електрични возила

Во тек е изградбата на фабриката за батерии за електрични автомобили на јапонскиот гигант GS Yuasa, додека Zoltec, исто така од Јапонија, гради фабрика којашто ќе биде најголем погон за карбонски компоненти во светот.

Следниот стратешки чекор на земјата е привлекување на проекти во секторот на истражувањето и развојот. Компаниите плаќаат данок од 9 проценти, што е најниска даночна стапка во ЕУ, а постојат и посебни даночни олеснувања за компаниите од секторот што ги создава новите технологии.

Тест-патеката се наоѓа во близина на Залаегерсег, на околу 200 километри југозападно од Будимпешта. Таму ќе се тестираат и автономни возила, а постои и симулација на урбана средина, во којашто истовремено може да се тестираат до 70 возила.

Наскоро, Bosch започнува со изградба на посебна тест-патека со површина од 10.000 метри квадратни, кадешто ќе се тестираат автономни и електрични возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes kina salon

Mercedes ја зголемува предноста пред Audi и BMW во Кина

Renault Megane RS Trophy

Renault Megane RS Trophy е формула 1 болид за секој ден