за , ,

Тест на летни гуми на АДАК: Обичните марки на исто ниво со премиум гумите

АДАК Тест на летни гуми 2018

Вкупно 30 модели на летни гуми во две димензии мораа да ги докажуваат своите квалитети според строгите критериуми на тестот на АДАК. Годинава нема гуми со оцена „недоволно“, но затоа има две гуми што паднаа на брзинскиот тест. Тоа што возачите ќе ги радува најмногу: Скапите гуми не се секогаш и најдобрите.

Тоа што клубот АДАК го забележа уште при тестот на зимски гуми, сега се повторува и на тестот на летни гуми. Гумите со подостапни цени, кои потекнуваат од обичните марки, постигнуваат исти или слични резулати како поскапите гуми од премиум марките во истиот концерн. Кај димензијата 205/55 R 16, којашто обично се користи во класата на Golf, гумите Firestone Roadhawk постигнуваат иста крајна оцена (2,3) со премиум гумите од матичната марка Bridgestone.

Semperit и Continental со исти оцени на АДАК Тест на летни гуми 2018

Слично е кај обичната марка Semperit, чиишто гуми Speed-Life заостануваат само една десетина (2,4) зад резултатот на гумите од матичната марка во концернот Continental. Во случајот на помалата димензија 175/65 R 14, за модели од класата на Fiesta, гумите на Falken дури и победуваат на тестот, со оцена 2,3. Станува збор за буџет-марка на јапонскиот Sumitomo. Гумите на Semperit и во оваа димензија избиваат во центарот на вниманието. Без разлика што се работи за „народска“ марка на Continental, нејзините гуми го завршија тестот на највисоките места, со оцена 2,4.

Кој сака да заштеди дополнително, добро е да внимава и на напомените за степенот на абење на гумите. Експертите за гуми на АДАК го пресметуваат абењето на секој модел на гума на тестот по 15.000 километри, од кои три петини се минуваат по споредни патишта, а преостанатите две петини по автопат. Како тест возило за одредување на степенот на абењето послужи Volkswagen Golf 2.0 TDI, натоварен до половина од дозволената носивост. Резултатите покажуваат дека со победникот на тестот во оваа категорија, Michelin Primacy 3, можат да се извозат 45.000 километри, што е околу 20.000 километри повеќе отколку гумите Infiniti Ecosis, коишто за абењето добија оцена „добро“.

На годинашниот тест на летни гуми се забележуваат и големи разлики во должината на патот на сопирање на влажна подлога. Кај димензијата 175, гумите Continental Premium Contact 5 имаат за речиси 10 метри покус пат на сопирање од последните гуми во оваа категорија, Sava Perfecta. При сопирање од брзина од 80 km/h, првиве запираат по 42,7 метри, додека на гумите Sava им се потребни дури 52,2 метри.

Како и во сите изминати години, на Automedia.mk ќе можете да ги прочитате деталните резултати од тестирањето на двете димензии на гуми (175/65 R 14 и 205/55 R 16) на тестот. Набрзо следат комплетните објави на АДАК Тест на летни гуми 2018.

Од клубот АДАК препорачуват возачите секогаш да ги споредуваат цените за избраниот модел на гуми на повеќе места. Избор на гуми од поевтините марки се исплатува, а добро е да се погледнат и оцените на гумите во одделни критериуми. За возачите кои минуваат многу километри, на пример, исплатливо е да се доплати повеќе за гуми што се абат помалку. Логично е дека тие ќе траат подолго и со тоа ќе ја оправдаат повисоката цена. Но, тоа не мора да биде правило.

Тест на летни гуми на АДАК: Колку е долг патот на сопирање на влажно?

Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 215/65 R16 H (2017)

Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 (2017)

Тест на 35 модели на летни гуми од клубот АДАК (Прв дел: Димензија 185/60R14) – 2015

Тест на 35 модели на летни гуми од клубот АДАК (Втор дел: Димензија 185/60R14) – 2015

Тест на 35 модели на летни гуми од клубот АДАК (Трет дел: Димензија 205/55R16) – 2015

Тест на 35 модели на летни гуми од клубот АДАК (Четврти дел: Димензија 205/55R16) – 2015

Тест на летни гуми на клубот ADAC – 2014

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes-amg gt r bezbedosen auto f1

Mercedes-AMG GT R е новиот безбедносен автомобил во Ф1

Ford Escort I

Ford Escort одбележува 50 години од премиерата