138
21 shares, 138 points

Вкупно 16 гуми со димензијата 205/55 R 16 V, којашто е меѓу најчесто вградуваните во компакт класата, се докажуваа пред експертите на АДАК Тест на летни гуми 2018. Два модела на гуми не успеаја да го минат брзинскиот тест и поради тоа заслужија само оцена „доволно“.

Клубот АДАК избра 16 гуми со димензија 205/55 R 16 91 V за годинешниов тест на летни гуми. Оваа димензија обично се вградува во моделите од компакт и средната класа. Брзинскиот индекс V дозволува брзини до 240 km/h. Како тест-возило послужи Volkswagen Golf VII. Останатите модели во коишто се вградува оваа димензија на гуми, зависно од моторот и опремата, наведени се во боксот подолу, под „За кои автомобили одговара димензијата 205/55 R 16 V“.

Тестирањето на гуми во АДАК е долготрајна и мачна процедура во којашто учествуваат цели тимови од експерти, технички персонал и тест-возачи

Повеќе од една третина од учесниците на тестот без потешкотии ја освоија оцената „многу добро“. Во групата со просечни својства се најдоа осум модели на гуми, со слабости коишто се изразени повеќе или помалку и не дозволуваат повисока оцена од „добро“. Два модела на гуми во повеќе повторувања не го минаа високобрзинскиот тест на АДАК. Поради тоа, овие гуми добија само оцена „доволно“ на тестот на автомобилскиот клуб.

Четири модели на гуми од премиум марки и два модела од т.н. квалитетни марки се меѓу најдобрите на АДАК Тест на летни гуми 2018 во димензијата 205/55 R 16 V

Врвната група гуми со оцена „многу добро“ и со изедначени својства во сите критериуми на тестирањето, во најголем дел ја сочинуваат модели на гуми од премиум марките (во заграда се наведени крајните оцени на тестот)

  • Michelin Primacy 3 (2,1),
  • Bridgestone Turanza T001 Evo (2,3)
  • Continental ContiPremiumContact 5 (2,3)
  • Hankook Ventus Prime 3 K125 (2,4)

една третина отпаѓа на гуми од квалитетни марки

  • Firestone Roadhawk (2,3),
  • Semperit Speed-Life 2 (2,4).
Добрите летни гуми не смеат да си дозволат отстапка во ниту еден од тест-критериумите при возење на влажна подлога

Ниту еден од шесте модели на гуми во оваа група не покажа слабости. Гумите на Michelin се издвојуваат најмногу со високата отпорност на абење, додека пневматиците од Bridgestone и Semperit најдобро се снаоѓаат на влажна подлога. Hankook е во мала предност со своите својства на сува подлога. Гумите на Firestone и Continental покажуваат доби својства во сите важни критериуми, при што со вториве гуми се постигнува и најниска потрошувачка на гориво.

Средната група на АДАК тест на летни гуми ја сочинуваат модели со оцена „добро“

Во средната група, којашто ја сочинуваат гуми со оцена „добро“, се пласираа осум учесници на тестот на АДАК. Во групата се наоѓаат следните модели на гуми (редоследот е според крајната оцена, од најдобрите кон послабите; во случај на иста оцена, редоследот е според абецедата; крајната оцена е во заграда)

  • ESA+Tecar Spirit 5 HP (2,6)
  • Kumho Ecsta HS51 (2,6)
  • Pirelli Cinturato P7 Blue (2,6)
  • Fulda Ecocontrol HP (2,9)
  • Giti Premium H1 (3,0)
  • Goodyear EfficientGrip Performance (3,0)
  • Nexen N´blue HD Plus(3,0)
  • Cooper Zeon CS8 (3,2)

Со исклучок на гумите од Kumho, сите гуми во оваа група покажаа одредени слабости на влажен пат, коишто се изразени во поголема или помала мера, поради што гумите не можат да добијат повисока оцена. Но, врз крајната оцена влијаат и слабостите во останатите критериуми. Кај гумите од Giti, Goodyear и Nexen, пропустот е во изразеното абење, додека гумите од Cooper покажуваат недозволиви слабости на сув и на влажен пат. Наспроти тоа, гумите од Kumho за малку ја пропуштија оцената „многу добро“, поради малите слабости на сув пат.

Оцена „доволно“ поради паѓање на брзинскиот тест на АДАК

На гумите на тестовите ретко им била намалувана оцената поради тоа што во неколку повторени обиди не минале на брзинскиот тест на АДАК, којшто во меѓувреме стана дел од стандардната процедура на тестирање. Годинава има две гуми што паднаа на овој критериум на тестот:

  • Infinity Ecosis (4,0)
  • Vredestein Sportrac 5 (4,0)

Двата модела на гуми го минаа полесниот тест според ECE.

Зошто на тестот отсуствуваат новите модели од познати марки?

Primacy 4, новите гуми на Michelin, во моментот кога се набавувале гумите за тестирањето се уште не биле достапни во продажната мрежа. Истото важи и за Bridgestone Turanza T005. Поради тоа, за тестирањето се земени примероци од претходниот модел.

Препораки и совети за АДАК Тест на летни гуми 2018

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Препораки на АДАК при изборот на гумите

Добрите гуми постигнуваат високи резултати во сите критериуми, но постојат и такви модели на гуми коишто постигнуваат исклучителни резултати во одделни критериуми и поради тоа најмногу одговараат за возачите коишто имаат специфични барања

Кој најмногу цени…

голема изедначеност во сите својства, може да избира меѓу Michelin Primacy 3, Bridgestone Turanza T001 Evo, Continental Conti Premium Contact 5, Firestone Roadhawk Hankook Ventus Prime 3 K125 и Semperit Speed-Life 2.

одлични возни својства на сув пат, би требало да ги избере Hankook Ventus Prime 3 K125, Michelin Primacy 3 или Firestone Roadhawk.

особено ниска потрошувачка на гориво, добар избор се Continental Conti Premium Contact 5.

одлична отпорност на абење, како прв избор треба да ги земе предвид Michelin Primacy 3.

[/tie_slide]

[tie_slide]

За кои автомобили одговара големината 205/55 R16 V

Тестираната димензија често се вградува во компакт и средната класа. Во зависност од моторот и опремата, следните модели и уште голем број други користат гуми со димензија 205/55 R16 V. Потребно е да се внимава и на брзинскиот индекс на гумите.

[one_half]

  • Alfa Romeo Giulietta
  • Audi A3
  • BMW серија 1, 2
  • Chevrolet Aveo
  • Citroen C3, C4
  • Dacia Logan, Sandero
  • Fiat Bravo, Croma, Tipo
  • Ford C-Max, Focus, Mondeo
  • Honda Civic, FR-V
  • Hyundai Elantra, i30, ix20
  • Kia Carens, Cee´d, Soul, Venga
  • Lancia Delta
  • Lexus CT 200h
  • Mazda 3, 5
  • Mercedes A-, B-, C-Class, Citan, CLA, SLC

[/one_half]

[one_half_last]

  • Mini Clubman
  • Nissan Leaf, Pulsar
  • Opel Ampera-e, Astra, Meriva, Zafira
  • Peugeot 2008, 207, 307, 308
  • Renault Fluence, Kangoo, Laguna, Megane, Scenic
  • Saab 9-3
  • Seat Exeo, Leon
  • Skoda Octavia, Superb
  • Subaru BRZ, Impreza, Legacy
  • Toyota Auris, Corolla, GT86
  • Volvo C30, S40, V40, S60, V50
  • Volkswagen Caddy, CC, Eos, Golf, Jetta, Passat, Scirocco, Touran

[/one_half_last]

[/tie_slide]

[tie_slide]

За кои други димензии важат резултатите од тестот?

Со одредени ограничувања, резултатите од тестот важат и за „соседните“ димензии на гуми, во рамките на истата класа на возило. Тоа важи за отстапување од +10/-10 милиметри во ширината на гумата. Во случајот со тестираната димензија 205/55 R 16 V, резултатите важат условно и за гуми со димензија 195/55 R 16 V, односно 215/55 R 16 V.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Цените во табелата од тестот на АДАК

Цените што се наведени во табелата со резултатите од тестирањето на АДАК се однесуваат на германскиот пазар.

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Табела со детални податоци од АДАК Тест на летни гуми 2018, за димензијата 205/55 R 16 V

АДАК Тест на летни гуми 2018 - 205Т

Тест на летни гуми на АДАК: Обичните марки на исто ниво со премиум гумите

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 175/65 R14 T

Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 (2017)

Тест на летни гуми на клубот АДАК: Димензија 215/65 R16 H (2017)


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
21 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743