за ,

Колку долго може да се вози со „залепена“ гума

гуми, sealed технологија

Гумите со таканаречена Sealed-технологија се нудат на пазарот од пред четири години. Овие гуми сами се поправаат во случај на продупчување. Експерти тестираа колку е издржлива техниката

Откако постои пневматикот, односно гума со воздух под притисок, а тоа е уште во 1844 година, постои и проблемот со таканаречената дупната гума. Секој возач во својата кариера зад воланот го има искусено главниот проблем на овој генијален пронајдок, кога поради продупчување на пневматикот, најчесто на спореден пат далеку од цивилизација, морал да посегнува по дигалката, по комплетот алат, а веројатно и по прирачникот за ракување.

Пред повеќе години се случи големата пресвртница, со појавувањето на таканаречената „Sealed Technology“ – иако првите гуми со оваа технологија беа наменети за велосипедите. Концернот Volkswagen беше прв производител на автомобили што пред околу четири години почна да ги користи пневматиците со оваа технологија во сериското производство. Со мала доплата и само по посебно барање на клиентот, секако.

Новата техника кај пневматиците се појави во исто време со задолжителното вградување на систем за контрола на притисокот во 2014 година – моментно само VW ги користи пневматиците во серија

Моментно пет производители на гуми ја нудат технологијата: Continental, Pirelli, Hankook, Goodyear и Michelin. Постојат различни големини на пневматици со Sealed Technology, вклучувајќи зимски и пневматици за сите сезони. Секој автомобил што е испорачан со фабрички вграден систем за надгледување на притисокот во гумите, а тоа генерално значи секој нов модел што пристигнал на пазарот по ноември 2014 година, може да ги користи новите пневматици.

Во основа станува збор за пневматици што сами се „лепат“. Ова својство ја подобрува безбедноста од повеќе аспекти. Продупчување гума на автопат или ноќе на неосветлен спореден пат повлекува голема опасност.

Производителите не вложуваат многу во рекламирање на овие „самолепливи“ пневматици. Прашањето е, колку долго може да се вози со гуми со продупчена газечка површина. Пет илјади или можеби 15.000 километри? Германското здружение за техничка контрола направи темелно тестирање, и во реални услови и во услови на екстремно оптоварување.

Тестирање до 20.000 километри со брзини до 230 km/h и остро возење во свијоци

Техничките експерти на здружението тестираа со Volkswagen Passat Variant и гуми со Sealed-технологија од Continental, со димензија 235/45 R 18. Двете предни гуми беа продупчени, левата со завртка долга 50 милиметри, а десната со клинец долг 40 милиметри, навлезен надолжно по газечката површина. По намерното оштетување на Sealed-пневматиците следеше возење, со брзини до 230 km/h по германскиот аутобан, на повеќе релации долги по неколку стотини километри.

По првите 10.000 километри не е регистрирано какво било губење на притисокот во „самозалепените“ пневматици, дури и по остро возење по свијоци, со исклучена контрола на стабилност. Здружението го прекина тестирањето по близу 20.000 километри, непосредно пред почетокот на зимската сезона. За сето тоа време не е забележано намалување на притисокот.

gumi so sealed tehnologija vo dtm
Пневматиците на Hankook со Sealed-технологија се користат во германскиот ДТМ

Останува неодговорено прашањето зошто во моментов единствено групацијата Volkswagen ја нуди новата техника кај гумите како опција? Од неа не профитираат само возилата на службите за брза интервенција, како амбулантните, противпожарните или полициските возила, туку и приватните возачи добиваат поголем степен на безбедност.

Новата техника сепак не е толку надмоќна. Во зависност од производителот, техниката функцонира само доколку туѓите предмети што продираат во газечката површина имаат пречник меѓу шест и осум милиметри. Покрај тоа, каскадите на гумата остануваат незаштитени, што значи дека груб удар во раб на тротоар ќе ги остави без воздух и гумите со Sealed-технологија. Според статистиката, четири од пет дефекти на гума се случуваат на газечката површина.

Volkswagen и Seat сигурно не губат со новата технологија. Во случај кога се вградени гуми што сами се поправаат, во возилото не се испорачува комплетот за поправка.

Водениот млаз ги оштетува гумите – при помалку од 30 сантиметри

Michelin бара да се тестираат и истрошени гуми

Прашината од автомобилските гуми под лупа на еколозите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche 911 GT2 RS MR rekord nirburgring

Porsche 911 GT2 RS MR го извозе Нирбургринг за рекордно време

hongqi dizajnersk centar evropa

Кинеската претседателска марка Hongqi на преродба во Минхен