148
20 shares, 148 points

Tesla е под силен притисок од активистите за животна средина, кои се противат за локацијата на којашто ќе се гради фабрика за автомобили. За да ги увери во својата грижливост во тој поглед, компанијата објави список на мерки. Едната од нив е преселба на мравјалници од шумата.

Tesla пред почетокот на изградбата на фабриката за електрични автомобили во близина на Берлин ќе постави 400 куќички за птици и ќе пресели голем број шумски мравјалници. Американскиот концерн ги објави мерките што ќе ги преземе со цел да надомести за одземањето на природниот простор заради- изградба на фабричките хали. Предвидено е селење и на рептилите и поставување заштитна мрежа. Tesla ќе надомести и за сечењето на шумата, со посадување трикратно повеќе дрва во околината.

Производителот на електрични автомобили првично предизвика одушевување во јавноста, откако го најави планот за првата фабрика во Европа да ја изгради на германска територија. Потоа реагираа и активистите за заштита на животната средина. Парцелата во месноста Гринхајде во близина на Берлин било предвидено за изградба на фабрика на BMW уште пред две децении. Еко-активистите побараа повторно да се разгледа локацијата и посочија дека можната изградба на фабрика би влијаела врз живиот свет во шумата.

На тоа следеше одговор од Tesla, од кадешто најавија дека ќе ги проверат сите дрвја на парцелата и во околината, дали во нив презимуваат лилјаци. Пронајдени се само две такви дрвја. Тие засега нема да се сечат. Откако ќе запролети и гуштерите ќе почнат да ги напуштаат своите „дувла“, тие ќе бидат заловени и преселени.

Според првичните планови, фабриката на Tesla треба да стартува со производство веќе во следната година.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
20 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *