за

Tesla пријави голема загуба за вториот квартал

tesla sx3 semi modelsko semejstvo

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla бележи загуба и во вториот квартал. Илон Маск не очекува ситуацијата да се поправи барем уште неколку квартали. Вредноста на акциите во Tesla паѓа стрмоглаво.

Производителот на електрични автомобили Tesla пријави изненадувачки висока загуба во вториот квартал. Скапите производствени трошоци и испораката на големата надеж Model 3 се главната причина за загубата од 408,3 милиони долари. Тоа е помалку во споредба со истиот период лани, но берзанските аналитичари на Волстрит предвидуваа подобри резултати. Акциите паднаа за повеќе од 10 проценти. Од почетокот на годината, нивната вредност е намалена за над 20 проценти, иако до пред извесно време, вредноста бележеше голем скок.

Прометот исто така не ги исполни прогнозите на аналитичарите, иако тој е за 60% повисок од лани и достигна 6,4 милијарди долари. Продажбата на Tesla се зголеми со Model 3, кој беше првиот подостапен автомобил на марката, меѓутоа трошоците се превисоки.

Маск на крајот на минатата година објави дека заврши долгиот проблематичен период на неговата компанија, меѓутоа уште во првиот квартал од 2019 година, Tesla повторно прави загуба. Техно-милијардерот предвидува првите два квартали во 2020 година да бидат особено тешки за Tesla.

Компанијата од Калифорнија се подготвува за почеток на производството на четвртиот модел, на компакниот СУВ на база на Model 3 и со ознака Model Y. Сите досегашни почетоци на моделите на Tesla беа проблематични и скапи.

Маск цени дека Model 3 поседува потенцијал да достигне продукција од 15.000 примероци неделно. Но, пред тоа да се случи мора неделната продукција на Model 3 да се зголеми на 8.500 примероци, односно на застарените Model S/X на 1.500 возила.

Аналитичарите ценат дека кризата доаѓа оттаму што Model 3 ги презеде клиентите кои претходно би ги избрале поскапите Model S и Model X. Целта за годинава е да се произведат меѓу 360.000 и 400.000 возила. Во првото полугодие, продукцијата достигна само 160.000 возила. Во полчетокот од годинава имаше големи логистички проблеми со испораката на Model 3 во Европа и Кина.

Главниот техничар Џ.Б. Стробел се повлече од советничката позиција. Во минатите месеци, неколку високи менаџери ја напуштија компанијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

moia spodeluvanje prevoz london

Volkswagen се вклучува во градскиот превоз во Лондон

porsche 911 RSR lego autostadt

Porsche со 510 КС заменет со Porsche од 350.000 лего коцки