за

Tesla објави видео од фабриката во Шангај

Tesla објави видео од фабриката во Шангај

Tesla ретко дозволува да се погледне во производствените хали. Во новото видео се прикажува работата во фабриката во Шангај, таму повторно врват производствените ленти, или како што обично кажува Илон Маск, „машините произведуваат машини“.

Во најновото видео од производството во Tesla се добива ретка можност за подетално да се погледне во фабриката на американската компанија во Шангај, Кина. Цела армија роботи, заедно со висококвалификуван персонал, го изработуваат Model 3 за кинескиот пазар.

Во последно време се објавуваа бројни вести за наводната криза во продажбата на електрични возила. Како причина за тоа се наведуваше повлекувањето на државните субвенции за купување автомобили на струја. Но, тоа важи единствено за моделите со мал досег и со батерија со ниска енергетска густина. Целта на владата беше да го запре производството на евтини електрични автомобили, со мал досег и слаба ефикасност. Според тоа, Tesla може да произведува и да продава исто како и досега – а тоа значи, со голем раст.

Tesla во март продаде рекорден број возила на кинескиот пазар

Tesla во март продала 10.160 возила во Кина, што е нов рекорд. Фабриката беше затворена во поголемиот дел од февруари и вирусот корона го стави народот во карантин, но тоа не беше пречка за Tesla веќе во следниот месец да постигне рекордна продажба во земјата.

Калифорнискиот производител постигна удел од 30% во продажбата на електрични возила во земјата. Со 2.620 возила во јануари и 3.900 возила во февруари, во врвот на кризата од корона, Tesla Model 3 изби на врвот меѓу најпродаваните возила на струја. Во споредба со лани, продажбата на нови автомобили во март сепак е намалена за 40 проценти.

Посебно за кинескиот пазар, Tesla наскоро ќе пушти изведба со досег продолжен на 650 километри.

Кина ја заживува продажбата на коли преку маски и ароматерапија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Caterham Super Seven 1600

Фабриките не работат, но може сами да составите Caterham

Audi e-tron dobavuvaci proizvodstrvo

Audi подготвува враќање во погон на фабриката во Брисел