181
23 shares, 181 points

Реклама од инаков вид. „Актерка“ од хардкор-жанрот со име Тејлор Џексон снимила жешко видео во Tesla, додека бил пуштен автопилот. Целата приказна немаше да биде интересна, доколку не реагираше и шефот на марката, Илон Маск.

Главната вест на интернет денес (колку добро звучи тоа!) е едно необично видео. Марката за електрични автомобили Tesla се појави и на порно-сцената. Талентираната актерка Тејлор Џексон се сетила, како светот да дознае повеќе за нејзините способности. Таа сними деветминутно видео во Tesla, наводно со лик што го запознала на тиндер. Но, жешката акција од автопат во Тексас добива екстра вредност, затоа што се снимало додека возилото било пуштено на автопилот.

Видеото досега има неколку милиони прегледи (од каде знаеме?), откако Џексонка го објавила на твитер. Актерката е особено горда на тоа што направила „Tesla“ да биде најпребаруван збор на порталот порхнуб.

Илон Маск не остана без коментар

Во меѓувреме Илон Маск одговори на видеото и не покажува дека е премногу загрижен околу овој непланиран, а масивен поттик на публицитетот на неговата марка: „Очигледно постојат повеќе начини за користење на автопилотот, отколку што замислувавме.“

Сепак, постои (барем) една забелешка. Отсуството на шофер зад воланот, без разлика колку тоа е оправдано во конкретната ситуација, претставува загрозување на безбедноста. Автопилотот уште не поседува способност да се справи со сите ситуации во сообраќајот. Меѓу другото, се прекршуваат законите.

Tesla Model 3 најпродаван автомобил од средна класа во Европа

Tesla најавува роботско такси веќе в година

Tesla Model 3 најпродаван автомобил во Швајцарија во март

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

181
23 shares, 181 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *