за

Tesla во спор со органите за безбедност во сообраќајот во САД

tesla model x

Производителот на електрични автомобили Tesla си навлече проблеми со институцијата што е надлежна за безбедноста во сообраќајот во САД. Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) го товари производителот дека објавил непроверени и непотврдени информации за кобната незгода, додека истражната постапка уште е во тек. Поради тоа, Одборот ја исклучи Tesla од натамошната истрага и повеќе нема да споделува информации.

Возач на Tesla Model X загина во средината на март, отпако возилото удри во бетонски ѕид на автопат во Силиконската Долина во Калифорнија. Возилото го зафати пожар, 38-годишниот софтверски инженер од концернот Apple почина. Во моментот на незгодата бил вклучен полуавтоматскиот систем за автономно возење. Според Tesla, системот е наменет да ја одржува брзината на возење, да го престројува и автоматски да го паркира возилото. Возачот во никој случај не смее контролата над возилото да ја препушти на „автопилотот“.

Возачот го отпуштил воланот шест секунди пред судирот, препуштајќи му ја контролата на „автопилотот“ на Tesla

Tesla ги објави резултатите од интерната истрага веднаш по незгодата и целата вина за кобниот случај ја префрли на возачот. Тој, имено, добивал визуелни и акустични предупредувања. Според производителот, возачот имал пет секунди време да реагира. Истрагата на производителот утврдила дека возачот го отпуштил воланот шест секунди пред судирот.

Кусо откако калифорнискиот производител излезе пред јавноста со оваа информација, реагираа од НТСБ, посочувајќи дека тоа води кон шпекулации и погрешни заклучоци. Следеше одговор од Tesla, во когошто однесувањето на Одборот се оценува како „неприфатливо“, затоа што тој подолго од една година одбивал да објави информации за системите за автономно возење.

Преписката продолжи со уште една објава од компанијата на милијардерот Елон Маск, во којашто НТСБ повеќе има „интерес да ги задоволи амбициите за моќ, отколку да придонесе за безбедноста.“ Tesla ќе поднесе официјална жалба до Конгресот, меѓу другото и поради тоа што НТСБ повеќе пати објавил нецелосни информации и на тој начин ги прекршил сопствените правила.

Возач на Tesla докажува: Автопилотот е виновен за кобната незгода

Tesla без фејсбук по скандалот со кражбата на корисничките податоци

Рекордно тримесечје за Tesla: Загуба од половина милијарда долари

Byton е последниот автомобил што ќе се споредува со Tesla

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw i3 prodazba prv kvartal

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

herbert dis volkswagen

Новиот шеф на Volkswagen бара повеќе електрични автомобили