145
19 shares, 145 points

Илон Маск ја најави идејата во април, таа сега се остварува. Tesla самостојно ќе ги осигурува возилата во Калифорнија. Сопствениците тоа ќе ги чини до 30% помалку отколку кај класичните осигурителни компании.

Tesla ќе им понуди сопствено осигурување на своите клиенти. Илон Маск зборуваше за тоа во април, а идејата веќе е пред реализација. Осигурувањето во почетокот ќе биде достапно само во Калифорнија. Партнер е компанијата State National. Набрзо ќе следи проширување и во останатите американски сојузни држави.

Како што објави Tesla, клиентите ќе можат да склучат осигурување буквално за една минута. Покрај тоа, цените ќе бидат до 30% пониски откколку кај конкуренцијата. На форумите за Tesla веќе неколку месеци се појавуваат негодувања на корисниците, поради драстичното поскапување на осигурителните премии. Втората најголема осигурителна компанија во земјата, Greco, ги класифицира електромобилите на Tesla како спортски и луксузни возила, а тоа е категорија за којашто се плаќа најскапо осигурување.

Некои компании дури одбиваат да осигураат возило Tesla. Според тамошните анализи, за моделите на Tesla произведени меѓу 2014 и 2016 година се плаќа најскапо осигурување од сите возила во САД.

За 30% пониските цени на сопственото осигурување, според Tesla се должат и на напредниот автопилот, на пример, кој придонесува возењето да биде многу побезбедно. Покрај тоа, Tesla може да понуди огромни попусти за осигурување, затоа што компанијата располага со податоците што ги регистрира секое возило од америакнската марка. Врз основа на овие податоци може да се процени дали одреден возач има поголема или помала шанса да предизвика незгода.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
19 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *